ЛЕК КОЈ ЌЕ ВЕ ОСВЕЖИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕ, го спречува лошењето и дава енергија. Хербален лек кој е одамна познат за закрепнување и ревитализација на организмот. Во продолжение прочитајте го лекот споделен од Мирослав, Мики:
„Лекот е всушност тинктура, а се базира на домашна квалитетна лозова ракија. Секако, и друга ракија може да послужи како подлога. Овој лек ги дезинфицира дишните патишта, ја суз-бива мачнината и го смирува желудникот.
За да го подготвите лекот може да користите свежи или суви зачини. Лекот е поефикасен доколку се прави со свежи билки, но одредени билки не можат да се најдат во секоја сезона. Лекот се прилагодува, според билките и вкусовите, па затоа е важно да знаете кој лек за што помага, па така да и да го искомбинирате.
Една од главните билки на која се базира овој лек е ајдучката трева (столисник). Ајдучката трева е лек за речиси сите болести, а вкусот е извонреден. Исто така, користев и жалфија, таа помага во лекување на сите воспалителни процеси во организмот.
Рузмаринот ја поттикнува работата на црниот дроб и бубрезите и го намалува шеќерот во кр-вта. Нането не е можно да не го препознаете по својот впечатлив мирис (сигурно го користите како зачин, но и како лек). Нането смирува м ачнина, го с мирува желудникот, го освежува здивот.
Мајчината душица е п сихо-стимуланс и антисептик за организмот. Понатаму, може да додавате и други билки по ваш избор како оригано, анасон, ловор, лушпи од бадем, листови од лимон, смиљ, пелин, боровинки, целер.. Јас за жал немав можност да набавам анасон и уште неколку билки, а сметам дека тие билки ќе придонесоа за извонредниот вкус.
Лекот се подготвува многу едноставно, на литар ракија во голема стаклена тегла се потопуваат претходно набројаните билки (подолу се наведени количините). Теглата се затвора со соодветниот капак, па се става да отстои на ладно и темно место околу 1 месец.
Во овој месец, теглата постепено се отвора и се испробува лекот. Ако почувствувате дека некоја билка започнува да доминира, извадете ја од теглата. Потоа повторно теглата се затвора и се остава да отстои уште преостанатото време, само без доминантната билка.
По месец дена, ракијата се процедува и се прелива во стаклени шишенца. Во продолжение прочитајте ја количината на следните состојки кои јас ги користев. Потребни состојки: 1 л домашна ракија, 2-3 гранчиња ајдучка трева, 1 гранче жалфија.
Понатаму: 1 гранче рузмарин, 1 гранче нане, 2 гранчиња мајчина душица, кора од еден лимон, 10 зрна боровинки. По вкус може да додадете по малку и од останатите билки кои претходно беа набројани.
Многу е впечатлива зелената боја која билките ја испуштаат во тинктурата. Како што отстојува лекот, ал-кохолот ги извлекува сите корисни својства од билките. Мирисот на билките е извонреден. Се конcyмира по 1-2 голтки, еднаш, во текот на денот.“