Без разлика на тоа колку се трудите да јадете органско, вашето тело секојдневно доаѓа во контакт со низа опасни соединенија. Научниците веруваат дека перфлуорирани хемикалии – состојки кои наголемо се користат во производството на теписи, ткаенини и козметика – ги доведуваат жените во поголема опасност од хипотиреоза и други пореметувања.
“Студиите спроведени врз животни и епидемиолошки сознанија покажуваат дека тие соединенија делуваат врз функцијата на штитната жлезда” – вели авторот на студијата д-р Ќиен Ју Лин од болницата Ен Чу Конг од тајван.
“Меѓутоа врската помеѓу ПФЦ соединенијата и функцијата на штитната жлезда сега за првпат е докажана во некоја национална репрезентативна студија со возрасни луѓе”-појаснува тој.
ПФЦ и хипотиреоза
Во студијата објавена во стручното списание Endocrine Society’s Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, д-р Лин и неговите колеги анализирале податоци од 1181 учесници во период од 3 години.
Откриле дека лицата со повишено ниво на одредени ПФЦ соединенија во крвта – перфлуорооктаноата (PFOA), перфлуорооктан сулфоната (PFOS) и перфлуорохексан сулфонат (PFHxS)- имаат помало ниво на хормони што ги создава штитната жлезда Т3 и Т4. Поради тоа кај жените започнува да се јавува блага хипотиреоза, состојба кај која оваа жлезда не произведува доволно хормони, а тоа може да доведе до дебелеење и умор.
Иако некои произведувачи најавуваат дека ќе престанат да употребуваат ПФЦ соединенија, треба да се има во предвид дека тие се распаѓаат многу споро и потребно е подолго време да се исфрлат од телото. Освен врз штитната жлезда, негативно делуваат и врз другите органи, истакнуваат научниците.