Сочен чоколаден колач-се мери со чаши и лажици

Потребни состојки за кора:

  • 2 чаши (од 200 мл) брашно
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша масло
  • ½ чаша какао
  • 2 чаши сок од компот од вишни
  • 2 лажици оцет
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • прстофат сол

Прелив:

  • 100 мл вода
  • 3 лажици какао
  • 5 лажици шеќер

ФИЛ ПРВ:

  • 200 г чоколадо
  • 300 мл слатка павлака

ФИЛ ВТОР:

  • 200 мл слатка павлака
  • 100 г бронхи бонбони

ПОСТАПКА:

Направете ја кората. Во сад ставете брашно, шеќер, масло, какао, компот, прашок за печиво, оцет и изматете со миксер да се спојат состојките.

Смесата ставете ја во калап со димензии 20х30 претходно обложен со хартија за печење. Се пече на 180 степени 25-30 минути.

Во сад ставете 100 мл вода, 3 лажици какао, 5 лажици шеќер и варете додека шеќерот да се стопи и додека е топло прелијте ја кората и оставете да излади.

Во сад ставете 300 мл слатка павлака додадете 200 г чоколадо и гответе додека чоколадото да се стопи (смесата не смее да зоврие оти ќе горчи). Добро изладете и изматете со миксер па премачкајте ја кората.

Во сад ставете 100 г сечкани бонбони бронхи и 200 мл слатка павлака, варете додека да се стопат бонбоните, не смее да зоврие. Добро изладете и изматете со миксер.

Премачкајте преку филот од чоколадо.

Украсете со рендано чоколадо или по желба.

Претходна статијаЕве зошто женетите мажи изневеруваат и покрај тоа што ја сакаат својата жена
Следна статијаСе храните здраво ама сепак се дебелеете?Овие работи што ги имате дома мора да ги исфрлите