Сите имаме навики кои не ги сакаме. Така, постојат милиони причини зошто луѓето ги грицкаат ноктите и наоѓаат чудни задоволства во тоа. Но, не сме ни свесни колку тоа е штетно за нивното здравје.
Покрај тоа што се чини за одвратна навика, исто така тоа може да открие и некои особености за личноста. Истражувачите дошле до следниве откритија:
ОНИКОГРАФИЈА е стручниот термин за грицкање нокти и се категоризира како “настојување на телото да прави повторувачка работа”. Некои студии покажуваат дека грицкањето на нокти се резултат на стрес, додека други тврдат дека се причина од некое разочарување, анксиозност, истрошеност и фрустрација.
Психолозите заклучиле дека лицата кои ги грицкаат ноктите најчесто се перфекционисти. Тие никогаш не успоруваат и не се смируваат. Ако нешто не е како што треба, тогаш тие се фрустрираат.
Незадоволството ги доведува до силен стрес кој несвесно причинува да си ги грицкаат ноктите. Оваа навика може да биде штетна по здравјето. Некогаш сфаќаме колку работи допираме во текот на денот и со колку бактерии доаѓаме во контакт. Никој не може да има совршено чисти раце секогаш, па кога ги грицкаме ноктите тие бактерии доаѓаат во контакт со устата. Од самото грицкање се предизвикуваат рани на прстите и инфекции. Најчесто малите деца или возрасните не ги сфаќаат последиците од грицкањето на нокти. Оваа навика им е станата толку нормална што не можат да ја прекинат. Колку подолго тоа го прават, толку потешко е да престанат.
Ова повеќе важи за децата отколку за возрасните. Возрасните можат на разни начини да се ослободат од фрустрациите, но децата од друга страна, не можат. Постојат работи кои ги мачат децата, а родителите тоа го сметаат за неважно, како што се неприликите во школо, конфликтите со други деца или тешко совладување на училишното градиво. Не се сите родени со самодоверба и брзо учење. Но не секојпат грицкањето нокти е причинето од стрес. Тоа може да биде научено од возрасните, со нивно имитирање. Децата ги гледаат возрасните како ги грицкаат ноктите, па потоа и тие започнуваат тоа да го прават.
Тоа е психолошки проблем:
Ако лицето ја развие оваа навика после 18.година, тоа очигледно не е имитирање туку психолошки проблем. Во истражувањата се тврди дека причината за ваквото однесување речиси секогаш е анксиозноста.