Засекогаш заборавете на подуениот стомак: Ова е тајната за рамен стомак!

За конечно да се ослободите од подуеноста на стомакот – клучно е да воведете здрави навики во исхраната. Изборот на намирници е од пресудно значење, па затоа е важно да се знае која група на храна смееме да јадеме за да имаме здрав дигестивен тракт и рамен стомак.

Научниците во својата студија The American Gut Project ги проучувале дигестивните проблеми, а посебен акцент ставиле на храната која им годи на цревата, односно ослободува од подуеност така што развива број на корисни бактерии кои се значајни за цревната флора.

Станува збор за ПРОБИОТИЦИ и ПРЕБИОТИЦИ.

Што се пребиотици?

Многу пребиотици се мешаат со пробиотиците токму поради тоа што звучат исто, но ова се посебен вид на растителни влакна и претставуваат храна за корисните бактерии (пробиотици). Природно се наоѓаат во јаболката, какао, артичоки, кромид, шпаргли, овес и банани.

Loading...

Врз основа на бројни истражувања е докажано дека делува противвоспалително и влијае врз јакнење на имунолошкиот систем.

Што се пробиотици?

Пробиотиците се живи организми, т.е.добри бактерии, а задачата која тие ја обавуваат во човековите црева е воспоставување на рамнотежата на микрофлората помеѓу добрите и лошите бактерии.

Тие се хранат со пребиотици, а исклучително се корисни за дигестијата и можат да помогнат во слабеењето. Храната која е исклучително богата со пробиотици е јогурт, кефир, краставички, кисела зелка и темно чоколадо.

Освен збогатување на исхраната со овие намирници, нутриционистите препорачуваат дека е важно да одбегнувате преработена и рафинирана храна и да се трудите вашата исхрана да биде разновидна.

Loading...