Старите луѓе имаат послаб имунолошки систем бидејќи сите процеси во телото се забавени. Најпрво, метаболизмот е поспор, што значи дека и храната поспоро се вари и потребните нутриенти послабо се апсорбираат на соодветното место.
Секако, постарите луѓе може да имаат и силен имунолошки систем, доколку се грижеле за сопственото здравје во младоста. Сепак, тие треба да бидат постојано грижливи за здравјето бидејќи на таа возраст се многу осетливи.
За да го зајакнете имунитетот на природен начин, потребно е да имате воведено здрави навики. Ви претставуваме природни лекови кои можат да го подобрат целокупниот организам во целост.
Лек со лук. Во чинија исечете три чешниња лук. Ситно исечканите парчиња наредете ги во тегла и додајте три супени лажици мед. Добро промешајте и затворете ја теглата. Лекот е потребно да се чува во фрижидер, а се зема по една супена лажица, половина час пред појадок.
Чај од ѓумбир. Наполнете 500 мл вода во тенџере и оставете да зоврие. Потоа додајте една лажица ситно исечкан корен од ѓумбир. Оставете чајот да се вари уште 10 минути, а потоа прицедете и засладете по желба. Чајот е потребно да се пие двапати во денот за да се забележат неговите придобивки.
Млеко со куркума. Додајте 1 лажичка куркума во чаша топло млеко и добро промешајте. Напитокот се пие пред спиење, а по желба може да се заслади со мед. Клетките ќе станат отпорни на инфекции благодарение на куркуминот, кој е активната состојка на куркумата.
Зелен чај. Зелениот чај помага во побрзо опоравување од болести. Ја подобрува функцијата на мозокот, физичките перформанси и ослободува од штет.ните радикали. Едноставно ставете половина лажичка зелен чај во 250 мл зовриена вода, оставете да отстои 5 минути па процедете и пијте голтка по голтка во текот на денот.
Лимон. Нема полековит агрум од лимонот. Покрај тоа што изобилува со витамин Ц, значително го подобрува имунитетот во секоја доба од животот. Исцедете сок од половина лимон во чаша и додајте малку млака вода. Се пие наутро на празен стомак.
Сок од зелка. Зелката е стар лек кој се користи за различна намена во лекувањето на болестите. Од неа се добива вкусен сок подготвен на следниот начин. Изблендирајте околу 50 мл сок од зелка, па додајте иста количина на вода и 1 јаболко и повторно изблендирајте. Пијте една чаша од овој напиток во текот на денот.
Чај од слаткарче. Слаткарчето се користи за проблеми предизвикани од хормонални нару-шувања и с трес. Може да се користи како природен и здрав засладувач на белиот шеќер, кој старите воопшто не треба да го кон-сумираат.
За да го подготвите чајот, зовријте 200 мл вода, па додајте го сечканиот корен. Поклопете и оставете да отстои 5 – 10 минути, а потоа процедете. Чајот се пие трипати на ден, половина час пред секој оброк.
Масло од оригано. Во чиста тегла ставете суви стебленца оригано. До врвот наполнете со маслиново масло, односно додека да се прелијат билките, оставајќи еден прст простор на врвот.
Добро затворете ја теглата, и чувајте ја на темно и суво место во период од 2 недели, со повремено протресување. Теглата не треба да биде изложена на сонце. По изминатото време, маслото се процедува. Може да се користи како инхалација со капнување на неколку капки во топла вода, или со него да ги масирате болните зглобови.