Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ овојпат говореше сè за медот од борови иглички, и според неговите сознанија, тој е поздрав од пчелниот мед, а зошто е тоа така, прочитајте во продолжение на текстот, пишува НМД.мк
Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ честопати говори за храната и намирниците кои се користат како природни лекови, а овојпат неговото внимание беше насочено кон медот кој се приготвува од борови иглички, а за кој многупати сме пишувале, години наназад.
Имено, младите борови иглички се редат во тегла заедно со шеќер, а под дејство на топлина се добива лековит сируп кој честопати се нарекува „боров мед“. Истата постапка може да се приготви и со пчелин мед.
„Донесов мед приготвен од иглички од ела, не е ист како пчелиниот, но е доста сличен. Содржи многу хранливи активни супстанции. Кога ќе се појави младото гранче на боровата гранка, ќе се скине и тогаш тоа испушта активни супстанции, бидејќи токму на врвот од тоа гранче дрвото, односно гранката расте.
Потоа ваквите врвови од млади гранчиња се ставаат во тегла со шеќер, се вари и стои приближно 15-20 дена. Сите активни состојки се добиваат во овој сируп – „мед“. Вчера бев излезен во шума и набљудував што се случува.
Забележав дека рој пчели зујат околу тие иглички, што значи дека таму постојат некои корисни активни состојки кои тие ги пренесуваат. Постојат хемиски соединенија во тие смоли и масла кои делуваат противвоспалително, ги намалуваат нивоата на активни цитокини и ја намалуваат бронхијалната секреција. Значи, ова е чист мед“, порача д-р Перишиќ.
Тој препорачува во текот на целата година да се користи по една лажичка боров мед секое утро, но вели да не се земаат повеќе од две лаички дневно, бидејќи може да предизвика дијареа.
Кога станува збор за тоа кој е поздрав, дали пчелиниот или „медот“/сирупот од борови иглички, докторот смета дека тоа е боровиот. „Помалку е сладок, има понизок гликемиски индекс, има ефект на ширење на бронхиите и има посилно антивоспалително дејство кога станува збор за настинки или кашлица…“.
На прашањето дали тоа значи дека боровиот „мед“ е поздрав од пчелиниот, тој истакна дека двата се здрави, но дека боровиот е покорисен. „Овој мед е покорисен од пчелиниот поради имунитетот.
Тој е добиен со концентрирање на активните состојки кои се наоѓаат во четинарските смоли. Пчелата го зема нектарот од цветот, а потоа од него го произведува медот, но ја немаме потребната концентрација на активни состојки кои се наоѓаат во боровиот мед“.
Знаеме дека не е секогаш лесно да се купи чист мед, бидејќи за жал на пазарите се појавија многу лажни медови. Доктор Перишиќ смета дека единствено може да им се верува на манастирките медови.
„Мој совет е, кога поминувате покрај некој манастир, а за истиот знаете дека произведува мед, разговарајте со тамошните монаси и купете си од нив. Тоа ви е најсигурно, бидејќи монашката чест си монашка чест“, заклучува тој.