Од тортата излегуваат 16 големки парчиња. За декорација јас се одлучив за целувки кои ги купив, но истите можете и да си ги направите дома. Тие даваат совршен вкус на оваа сладолед торта. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1,25 литар слатка павлака (засладена хопла за шлаг),
2 кесички шлаг фикс,
200 г готови пуслици/целувки,
300 г млечно чоколадо за готвење,
200 г бонжити или други енергетски плочки од јаткасто и суво овошје и
5-6 лажици лажици рум
Постапка:
Слатката павлака изматете ја, а пред да добиете шлаг, додајте го и шлаг фиксот. Штом ќе почнува да се згуснува, значи дека шлагот е готов. Пуслиците/целувките издробете ги со раце на покрупно, а чоколадото крупно изрендајте го.
Енергетските плочки искршете ги ситно. Сите состојки додајте ги во изматениот шлаг и заедно измешајте ги со лажица во еднолична смеса. Тркалезен калап бр.26 обложете го со алуминиумска фолија и во него истурете ја смесата.
Израмнете и ставете во замрзнувач добро да излади (најдобро преку ноќ, во рецептот пишуваше 36 часа, но јас помалку ја оставив и добра беше).
Добро изладената торта извадете ја од замрзнувач и почекајте 10-тина минути (токму како што правите со сладоледот), па дури тогаш сечете ја со нож.
Секој триаголник украсете го со малку изматен шлаг, рендано чоколадо и по една помала пуслица/целувка. За оваа торта користев купечки пуслици/целувки, а вие можете да си ги направите ден-два претходно, па потоа да ги употребите.
Доколку слатката павлака не ви е доволно слатка, додајте лажица-две мед или по вкус. Тортата се чува во замрзнувач и по потреба се вади, послужувате и повторно ја враќате назад.
Ако сакате помала торта, состојките намалете ги за половина. / Квинце / Сооlinarika.com Во продолжение прочитајте како се приготвуваат најдобрите целувки:
Едноставен рецепт за целувки на мој начин од само 3 состојки – децата многу ги сакаат!
Потребни состојки: 1 белка, 70 г шеќер, ½ лажичка тартар крем или прстофат сол. Постапка: рецептот е навистина едноставен… на една белка се додава 70 г шеќер и долго, долго се микса.
Во текот на миксањето се додава половина Cream of Tartar или прстофат сол. Може да додадете малку лимонов сок, неколку капки. Добро е измиксано кога шеќерот целосно ќе се растопи, а снегот е цврст и не паѓа.
Тогаш цврстиот и сјаен снег од белки ставете го во шприц, па истискувајте ги целувките или вадете со лажица на плех обложен со хартија за печење.
Не мора да оставате преголемо растојание помеѓу нив, но не ги ставајте ниту веднаш една до друга за да не се залепат.
Ако немате рерна со вентилатор, при печењето подотворете ја вратата од рерната со помош на дрвена лажица.
Сушете ги пуслиците/целувките на 90 степени околу еден час. Проверете ги дали се исушени одвнатре, па исклучете ја рерната и оставете така со подотворена вратничка да се изладат.