Понекогаш се случува организмот да задржи поголема количина вода која нам ни дава подуен изглед и многу неугодно чувство. Тоа може да се случи доколку сме претерале со солта, односно со натриумот, па тогаш телото „си мисли“ дека е жедно и намерно ја задржува водата за да се спаси од дехидрираност.
Меѓутоа, тоа може да биде и како резултат на откажување на функцијата на некои органи, како што се бубрезите на пример. Затоа, доколку забележите дека често отекувате во пределот на екстремитетите, лицето и зглобовите, посетете лекар и направете ги потребните лабораториски испитувања, пишува НМД.мк
Задржувањето на водата во организмот е чест проблем што луѓето не го разбираат доволно. Иако многу луѓе мислат дека нашите клетки задржуваат вода, тоа не е точно во овие случаи – водата се задржува во просторот помеѓу клетките (меѓуклеточна, ткивна течнсот) и и поради тоа ние се чувствуваме, и изгледаме подуено.
Постојат неколку причини зошто задржуваме вода, и тие се разликуваат од лековите што ги земаме, хормоналните проблеми или дури и исхраната. За овој проблем објасни докторката Трубу, што можеме да сториме за да се избегне овој проблем, кој е многу распространет особено во летниот период.
Гинекологот Венди Трубу вели дека постојат неколку работи со кои можеме да се обидеме да престанеме да ја задржуваме водата, односно да отекуваме повеќе.
Најпрво, вели таа, идентификувајте што точно ви се случува – „тежината“ на водата се случува во ткивата по целото тело, стапалата, прстите, рацете… Додека надуеноста се случува само во стомакот.
„Преработените јаглехидрати, шеќерот и а лкохолот предизвикуваат воспаление во телото и честопати п ациентите ме известуваат дека к онсумирале намирници кои ги содржат токму овие состојки, пред да започнат да чувствуваат симптоми на задржување на водата.
„Ограничете го внесувањето на ваквата храна, дури можете да се обидете да ги исфрлувате од исхраната една по една намирница (од оние на кои се сомневате), и на тој начин ќе знаете која точно ви пречи“, објасни д-р Трубу
Проверете колку сол внесувате? Во здравата исхрана, солта е важен минерал и телото не може да функционира нормално без неа, но обидете се да јадете квалитетна сол во умерени количини, а не многу солена брза храна или зиндустриски преработки и чипсови.
Пијте вода!
„Знам дека звучи чудно, задржуваш вода и некој ти вели да пиеш уште повеќе. Но, внесувањето доволно вода е превентивна мерка, како и внесувањето на намирници кои во поголем процент содржат вода. „Телото ќе добие поттик да го елиминира вишокот преку мокрење и нема да задржи толку многу“, објасни таа.
Вежбајте редовно, дури и ако тоа е само прошетка.
„Физичката активност ги активира мускулите, кои ги масираат ткивата, кои потоа доживуваат стимулација на лимфните јазли за да го испратат вишокот течност до бубрезите, каде што ќе бидат обработени и излачувани“, објасни таа.
Ако ништо од ова не функционира, докторката советува да се консултирате со вашиот лекар, бидејќи е можно лекот што го земате или некој друг медицински проблем да предизвика задржување на течности во организмот.