Се чини дека „Лепливиот колач“ е многу популарен ширум светот, а во некои краишта е одомаќен како традиционална слатка. Ние ќе ви претставиме два рецепти и тоа, првиот е шведски и се нарекува Kladdkaka со вкус на чоколадо, а вториот рецепт е американскиот gooey butter, со вкус на ванила. Вие одберете си кој повеќе ви се допаѓа:




Kladdkaka – ЛЕПЛИВ КОЛАЧ

Во превод од шведски јазика значи „леплив“ или „каллив“ колач… Без разлика на непривлечното име, тоа со сигурност е еден од наједноставните, најевтините и најомилените колачи.




Сè е готово за половина час, а се добива еден неверојатно вкусен десерт. Рецептот го добив од сестра Тина која живее во Шведска, па затоа јас си го нарекувам и Тининиот леплив колач… – Јекаго.




Потребни состојки: 4 големи јајца, 350 мл шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 200 г путер, 200 мл брашно, 8 лажици какао, половина лажичка сол.

Постапка: вклучете ја рерната да се загрева на 170 степени. Растопете го путерот во тенџерче или микробранова печка. Измиксајте ги цели јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилин шеќерот. Матете доволно долго додека шеќерот да се растопи и јајцата да згуснат како крем.




Во смесата од јајцата додајте ги останатите состојки, матејќи на најслабата брзина на миксерот. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење (јас печев во тркалезен калап за торти 26 см) и печете најдолго 15-20 минути.




Доколку колачот ви се чини дека не е испечен, слободно извадете го, таков треба да биде, бидејќи по некое време тој ќе се стагне и кората малку ќе се потсуши. Почекајте малку да отстои, па послужете го со топка изматена слатка павлака, сладолед, овоѓен прелив…




Јас обично кратко варам вишни со малку шеќер и ги преливам врз колачот. Може да употребите и шумско овошје, иако и само таков е многу убав и вкусен без никакви додатоци. / Јекаго / Сооlinarika.com




GOOEY BUTTER – ЛЕПЛИВ КОЛАЧ

Потребни се само неколку состојки за оваа слатка, миризлива фантазија што потекнува од Сент Луис, каде што традиционално се јаде за појадок. Според легендата, лепливиот колач од путер од Сент Луис е создаден сосем случајно…




Во триесетите години од минатиот век, еден готвач погрешно ги помешал мерките подготвувајќи колач кој мислел да го послужи со кафе. Откако сфатил што се случило, тој не го изнел на масата за гости, туку го споделил на улица, а колачот со текот на времето станал хит.




Традиционално се служи ширум Мисури за појадок, особено за време на викендите. Лепливиот колач е одличен и на вториот ден, а потребни се само неколку состојки за да се подготви. Ако некогаш се најдете во Сент Луис, колачот ќе го најдете под името „gooey butter“, односно леплив путер, а исто така се подготвува и во послатка верзија со крем сирење.




Потребни состојки: 3 лажици (45 мл) млеко, 5 г сув квасец, 6 лажици путер, 45 г шеќер, 1 лажичка сол, 1 големо јајце, 215 г брашно. За горниот слој: 50 г мед или сируп од агава, 2 ½ лажички екстракт од ванила, 170 грама путер, 300 гр шеќер, ½ лажички сол, 1 големо јајце, 145 грама брашно и шеќер во прав за наросување.

Постапка: измешајте го млекото загреано на собна температура со две лажици топла вода. Додајте квасец и нежно изматете додека да се запени. Со миксер изматете ги омекнатиот путер, шеќерот, солта и јајцето.

Потоа наизменично додавајте брашно и квасец во млекото. Мешајте со миксер со средна брзина додека да се изедначи тестото, од 7 до 10 минути. Пренесете го тестото во сад за печење, длабок најмалку 2 см.

Покријте го садот со најлонска фолија или чиста кујнска крпа, ставете го на топло место и оставете да стаса додека не се зголеми двојно, околу два ипол до 3 часа. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте мед со две лажици вода и ванила.

Мешајте ги путерот, шеќерот и солта 5 до 7 минути, а потоа додајте ги јајцето, а потоа смесата од брашно и мед. Со лажица вадете од смесата и ставајте ја во сад со удвоената смеса.

Измазнете со шпатула за рамномерно распоредување. Печете 35 до 45 минути. Тортата ќе има златно-кафеава коричка, но средината сепак ќе биде мека. Оставете да се излади, па наросете со шеќер во прав. Постапка за приготвување погледнете ОВДЕ.