Брусница е повеќегодишна билка која потекнува од Северна Америка и Источна Азија. Растението е грмушесто и може да порасне до 40 цм во висина и 2 м во ширина. За време на зимските денови, листовите стануваат црвени, а плодот е црвена бобинка со киселкаст вкус.
Може да се најде во постудените делови на северната хемисфера, а во 2019 година Македонија беше прогласена меѓу 10 – те најголеми производители на брусница во светот. Брусницата е многу отпорна на студ и може да издржи температура до -40 ° С.
Брусницата се одгледува во области со постудена клима и за да расте им е потребна влажна, кисела почва. Ако сакате да одгледувате брусница, треба да и обезбедите топлина и сонце. Можете да одгледувате од семиња или садници, а најдобро ќе одговара влажна и кисела почва.
Брусницата расте двапати годишно и зрее во во јули и септември кога е сезоната на берба. Насадите можат да траат повеќе од 30 години. Бобинките на брусницата може да се кон-сумираат сирови, суви, како сок, џем или мармалад.
Брусницата е здрава нискокалорична храна, богата со растителни влакна, витамини и минерали, меѓу кои доминираат витамините Ц, А, Е и минералите како калциум, калиум, магнезиум и железо. Богата е со антиоксиданти, на што им должи силни лековити својства. Има антибактериски, антисептички, антиинфламаторни и диуретични ефекти.
На брусницата и се припишуваат многу лековити својства доколку се применуваат во правилна форма и во соодветна доза: помага при инфекции на уринарниот тракт, помага при едем (оток), штити од заболување на непцата, го намалува ризикот од рак, го зајакнува имунитетот;
Потоа, ја зајакнува микробиолошката флора на желудникот и цревата, помага при диспепсија (нару-шена дигестија) особено предизвикана од Helicobacter Pylori, помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на холестерол.
Исто така, позитивно влијае на здравјето на очите, помага во лекувањето на ревматизам и гихт, го намалува шеќерот во кр-вта, го подобрува квалитетот на косата, кожата, ноктите. И покрај сите овие лековити својства, треба да се внимава кога се кон-сумира брусница.
На повисоки кон-центрации брусницата има неса-кани ефекти кај пациенти со бубрежни калцификации. Поради поголема концентрација на оксалат, може да има и лаксативно дејство. Па-циентите на терапија со варфарин, луѓето многу чувствителни на салицилати и луѓето кои користат лекови за лекување на простата и опструкција на урина треба да бидат внимателни.
Медицински делови од брусница се овошјето и лисјата. Почесто се користат плодовите од брусница, кои содржат проантоцијанидини (PAC), антоцијанини, флавоноиди, катехини, органски киселини, јаглехидрати (фруктоза и декстроза), танини.
Листот од брусница најчесто се користи за правење на чај, но може да се најде и мешавина од лисја и овошје. Чајот од лисја од брусница има првенствено антисептички својства, како резултат на повисоката концентрација на фенолни гликозиди. Чајот од брусница содржи помала концентрација на танини, така што може да го користат деца, не помлади од 12 години.
Подготовка на чајот: Во 250 мл зовриена вода, ставете 1 лажичка листови од брусница. Поклопете и оставете го чајот да отстои 15 минути. Потоа процедете и пијте го чајот трипати на ден половина час пред главните оброци.
Потребна е претпазливост кај луѓе кои имаат предиспозиција за развој на бубрежни камења, а поголеми количини на сок може да резултираат со лаксативно дејство. Исто така и дијабетичарите треба да внимаваат при кон-сумирање на сокот од брусница (купечкиот, кој начесто содржи големи количини на додаден шеќер).
Најдобро е да се подготви свеж сок од брусница, така што добро измиените и избрани зрели бобинки се мешаат и им се додава мала количина вода. Подготовка на сокот. Потребни состојки: 1 кг брусница, 1,25 л вода, 1 лимон, 300 г шеќер.
Подготовка: Брусниците добро измијте ги, ставете ги во мешалка и измешајте ги со 100 мл вода. Истурете ја содржината во поголема чинија, исцедете го сокот од лимон и додајте уште 1,5 л вода. За време на овој процес, ќе се создаде пена што треба да ја отстраните.
Покријте го садот со крпа и чувајте го на темно и ладно место (по можност во подрум или на тераса) 24 часа. По изминатото време, процедете ја содржината во друг сад. За да го направите ова, користете цедалка што ќе ја покриете со газа.
Сокот ставете го во тенџере да врие на умерена температура околу 15 минути. Можно е пената повторно да се појави, така што ќе мора постојано да ја отстранувате.
Убаво измијте неколку шишиња и стерилизирајте ги во рерна, а потоа претурете го топлиот сок во нив. Затворете ги добро ставајќи прво целофан, а потоа и затка.
Завиткајте ги шишињата во ќебиња и оставете ги 24 часа да се излади сокот. После тоа, чувајте ги во замрзнувач или на некое друго ладно место. Забелешка: Можете да користите мед или некој друг засладувач наместо шеќер, а доколку е премногу силен сокот, разредете го со малку вода. Сокот може да стои во замрзнувач до две години, но шишето што веќе сте го отвориле мора да се чува во фрижидер и да се испие во рок од една недела.
Чајот од лисја од брусница не се препорачува за бремени жени во првите недели и за време на доењето, бидејќи содржи супстанции што предизвикуваат ризик од кр-вавење. Многу студии покажаа дека чајот со овошје и лисја е безопа-сен за употреба кај бремени жени ако се зема во точна доза и не подолго од 14 дена.
Чајот од брусница е добро да се кон-сумира во последниот триместар за ослободување од едем, настинка и вируси, како благ аналгетик, за да помогне при диспепсија и да го регулира нивото на шеќер.
Овој чај освен што е вкусен, овозможува внес на хранливи материи, а поттикнува излачување на соли и вишок течности со што прифонесува кон намалување на кр-вниот притисок.
Потребни состојки: 50 г брусница, 200 г органски целер и 600 мл вода. Постапка: Измијте го целерот и исечкајте го, па заедно со брусницата варете го околу половина час. Потоа процедете и пијте го чајот колку што можете. Брзо ќе почувствувате подобрување.
НАПОМЕНА: Чајот не ја лекува состојбата, само ги олеснува тегобите. За да го решите проблемот со високиот кр-вен притисок, најдобро е детално да се прегледате на лекар за да се дијагностицира примарната состојба која доведува до покачување на кр-вниот притисок.