Копривата веќе со години е дел од традиционалната медицина. Младите листови од коприва може да се јадат, а целата билка е лековита. Во овој период најдобро е да се приготвува чај и да се пие еднаш дневно.
Копривата изобилува со витамините А, Ц, К и дел од витамините на Б комплекс, а од минерали во составот на копривата влегуваат: калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум.
Покрај тоа, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, корисни масни киселини, полифеноли, пигменти (бета-каротен, лутеин и други). Традиционално копривата се употребува кај болести на уринарните патишта и за чистење на кр-вта.
Се користи и кај анемија, дигестивни проблеми, потешкотии со дишењето и астма, кај ревматски заболувања, за намалување на високиот кр-вен притисок, кај камен во бубрег, против несоница, за гинеколошки проблеми и за здравје на црниот дроб.
Постојат докази дека копривата успешно го намалува шеќерот во кр-вта, бидејќи содржи состојки кои го имитираат ефектот на инсулинот, а некои истражувања сугерираат дека може да помогне кај проблеми со зголемена простата.
Го заштитува црниот дроб од ток.сини, тешки метали и воспаленија. Претставува природен диуретик, па му помага на телото да ја исфрли непотребната вода и сол кои се задржале во ткивата и меѓуткивните простори, а со тоа привремено го намалува и високиот притисок.
Облоги од коприва се ставаат на зглобови и болни места со што особено се намалуваат б олките кај артритис, така што го спречуваат производството на хормоните кои го поттикнуваат воспалението.
Копривата содржи најмногу железо и затоа, според изборот на билкарите е број еден кога станува збор за лекување на анемија. Најдобро би било да приготвите чај од оваа лековита билка.
Лажица сув лист коприва прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Чајот процедете го и испијте го млак. Се препорачува дневно да испиете три шолји чај пред оброк.
Природен сируп за зајакнување на имунитетот
Потребни состојки: 1 кг ливадски природен мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 200 г ленено семе, 50 г семе од коприва.
Постапка: Бадемите и оревите сомелете ги во машинка за мелење на јаткасти плодови, а лененото семе и семето од коприва сомелете ги на електрична мелница за кафе.
Потоа сите состојки соединете ги. Додајте го медот, па добро промешајте до изедначување. Може да се кон.сумира по неколку пати во текот на денот, по една лажичка.
II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 2 главици црвен кромид, 4 ореви со лушпа, 20 г семе од коприва, 750 г природен мед.
Постапка: Од кромидот отстранете ја само најгорната лушпа и потсечете го коренот. Потоа пресечете ги главиците на половина. Оревите убаво измијте ги заедно со тврдата лушпа, а потоа само малку поткршете ги.
Потоа кромидот, поткршените ореви и семето од коприва ставете ги во еден литар вода и варете ги додека да остане само една четвртина од вкупната смеса. Процедете и кога ќе биде млако додајте 750 г мед.
Измешајте, а од сирупот пијте повеќе пати во текот на денот, додека да се смири кашлицата. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска