Лек од лушпи од бадем, слез и суви смокви – најдобар лек за смирување на кашлицата после прележан вирус. После прележан грип или вироза, честопати се случува да остане долготрајната кашлица.
Овој проблем најдобро е да се реши со природни намирници кои брзо и едноставно се подготвуваат дома. Една билка посебно се истакнува кога станува збор за овој проблем, а тоа е слезот.
Тоа е самонико растетение и традиционално се употребува за лекување на проблеми со диш-ните патишта. Меѓутоа, малкумина знаат како правилно се приготвува оваа билка.
Кај секој вид кашлица основно правило е да се обидете да го спречите дополнителното надразнување и кашлицата за да се спречи понатамошно оште.тување на слузокожата. Слезот за оваа намена е исклучителен. Слезот во медицината се смета за едно од најдобрите средства за обложување на слузокожата.
Таквото дејство го има благодарение на големото количество слуз. Меката структура на слузта овозможува облепување на слузокожата, па на тој начин ја штити и ги ублажува иритациите. Затоа слезот е едно од најчестите билни средства кое се користи за ублажување и олеснување на кашлицата.
Во дишниот систем екстрактот од оваа билка ги намалува спазмите на мускулите и ја обложува слузокожата, па на тој начин ја смирува сувата и иритирачка кашлица.
Чајот од слез поволно делува на хронична кашлица, инфекции на грло, бронхитис и белодробен катар. Се препорачува и како лек кај бронхијална астма и почетна туберколоза на бели дробови.
Чајот од лушпи од бадеми е исто така многу делотворно средство за лекување на кашлицата. Сувата смоква и лимонот изобилуваат со огромна количина минерали и помагаат во лекување на воспалени дишни патишта.
Овој сируп ги обединува најсилните и најдобрите намирници во бор.бата против кашлицата и воспаленото грло. Посебно одговара за деца, бидејќи има пријатен вкус.
Потребни состојки: 1 кг шеќер, 8 суви смокви ситно исечкани, 2 лимони исечкани со кора, 1 полна рака тврди лушпи од бадем, 1 пакување слез (мешавина од лист, стебленце и корен), 800 мл вода.
Постапка: Најпрво се приготвува слезот, а притоа е најважно да се сочува што повеќе од неговата слуз. За да го постигнете тоа слезот треба да го потопите во ладна вода што подолго време (5-6 часа).
Потребно е барем неколку часа за да почне слезот да ја испушта слузта. Најголема грешка е ако се вари слезот како што се приготвуваат другите билни напитоци.
Температурата ја раз.бива структурата на слузта и таа веќе не може ефикасно да се лепи на слузокожата. Се менува хемискиот состав и ќе добиете само мал дел од лековитото дејство.
Слезот се приготвува така што се потопува во 300 мл ладна вода и се остава да отстои 5 – 6 часа. После тоа се процедува и се загрева на млака температура, само колку за да е попријатно пиењето. Со оваа течност можете да ги го навлажнувате носот (да си ставите во шишенце со капалка).
Во 300 мл растопете го шеќерот, а истовремено додајте ги и лушпите од бадемот, сечканиот лимон и смоквите. Загрејте до вриење и оставете поклопено да се лади.
Кога ќе биде млако добро процедете и додајте го чајот од слез. Складирајте во стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Поради шеќерот овој сируп има подолг рок на траење.
Д озирање: Возрасни кон-сумираат по една голема лажица, а децата мала, трипати на ден. Шеќерот од овој рецепт може да го замените со 1 тегла мед. Во овој случај сирупот ќе биде поредок и треба побрзо да се потроши.
Медот е сигурно поздрава опција, но шеќерот подобро конзервира и го прави сирупот погуст. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска