Неверојатен сируп, го враќа помнењето, слухот и видот, а исто така, овој лек ќе ви помогне во отстранувањето на масните насла ги и водата од организмот. Многу е ефикасен, посебно ако се комбинира со кардио тренинг.

Со помош на овој напиток ќе ги забрзате сите мозочни функции, ќе си го подобрите помнењето, слухот и видот. Главната состојка во лекот е свеж рен богат со витамин Ц, калиум, витамин Б1 и Б6, железо, витамин Б2, магнезиум и фосфор.

Ренот го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и истовремено го стимулира развојот на добрите бактерии во стомакот.

Потребни состојки: 125 г рен, 4 лимони, 3 лажички мед, 2 мали лажички цимет, 1 корен од ѓумбир (2 цм).

Постапка: Изблендирајте ги ренот и ѓумбирот, заедно со лимоновиот сок. Блендирајте 2 – 3 минути, потоа додајте ги трите лажички мед и 2 мали лажички цимет и повторно изблендирајте додека да добиете сируп. Сирупот се чува во тегла.

Начин на употреба: Кон-сумирајте по 1 лажичка, двапати во денот пред оброк или пред кардио тренинг. Сирупот ќе ви трае 3 недели, а потоа направете пауза од неколку дена.

II РЕЦЕПТ: Оваа евтина намирница може да го спаси целото тело: Ги обновува жолчката, црниот дроб и тироидата од корен

Потребни состојки: 4 ротквици со помала величина, 1 помало парче рендан ѓумбир, 4 лажици мед, 4 исцедени лимони, 50-100 мл вода.

Постапка: Состојките ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете изедначена смеса. Кога ќе се создаде густа смеса, складирајте ја во стаклена тегла и затворете цврсто. Теглата чувајте ја во фрижидер.

Кон-сумирајте по една лажица од мешавината 3-4 пати дневно во текот на три седмици и пијте два литри вода дневно за целосно да го направите деток-сот и обновувањето на орга.ните.

Природен сок за жолчка од ротквица

Црвен кромид, рен, ротквица, мед: Исечкајте една главица кромид / сок од рендан корен од рен или една ротквица (нелупена, рендана). Одберете една од овие намирници и промешајте со 2-3 лажици мед. Се кон-сумира по една лажица трипати дневно.

Ротквица и црвен кромид за исфрлање на слузта од белите дробови – рецепт

Постапка: Ставете во блендер 250 мл сок од лимон, една полна чаша мед, еден црвен кромид со средна големина исечен на парчиња, шест чешниња лук и една голема црна ротквица, излупена и исечкана на парчиња.

Блендирајте додека да се добие хомогена смеса. Потоа претурете го напитокот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер и оставете да отстои една недела. За да се заштити од светлина, најдобро е теглата да ја обложите со алу-фолија.

По изминатото време, започнете со кон-сумирање на овој сируп за кашлица трипати на ден, по една лажица, 30 минути пред главните дневни оброци. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска