Овој лек го користам редовно и секојдневно шест месеци, па така со сигурност можам да ги потврдам деговите својства и дејства. Го користам не само јас, туку целото мое семејство и моите деца.
Кај народот е познат како „Златен мед“ поради бојата која ја добива, а се приготвува едноставно од две состојки: мед и куркума во прав. Оние што ме познаваат, знаат дека бо-ледувам од улцерозен колитис и дека меѓу другото, ја користев и смесата од мед и чувар куќа.
Оние што б оледуваат од колитис знаат колку се непријатни тегобите на оваа состојба (болест на дебелото црево), а притоа се добива анемија бидејќи се губи железото. Јас се обидов лековите да ги сведам на минимум, а се свртев повеќе кон природата.
Кога велам дека се свртев кон природата, мислам на користење на природни препарати, билки и мешавини чија основа е медот (куркума и мед, глуварче и мед, лимон и мед, чувар куќа и мед…ехинацеа, прополис, поленов прав, матичен млеч, коприва..)
Оваа мешавина за која сакам денес да ви говорам, ја користам токму за воспаление на дебелото црево, а она што го забележав е дека меѓу другото ми помогна и при ждригавицата (непријатности и „вишок киселини“ во желудникот).
Оваа мешавина првенствено има противвоспалително дејство, но исто така помага и за подобро варење на храната, има силно антивирусно дејство, ги ели-минира бактериите и габичките, го јакне имунолошкиот систем;
Потоа, намалува ждригавица, ги ублажува б олките, поседува дури и некои антикан-церогени својства, делува како антисептик, а доста успешно се користи и кај б олки во грло, но кај кашлица и симптоми на настинка и грип;
Понатаму, како што веќе споменав, се користи за лекување и ублажување на улцерозен колитис и кронова болест, спречува висок притисок и многу други состојби.
Не чекајте да се развие б олеста и да дојде до повисок степен. Делувајте превентивно и не чекајте да ви се случи б олест за да почнете да го користите го ова. Мислете на вашето здравје пред да се случи болеста и на тој начин спречете ја.
Оваа мешавина-лек воопшто не е тешко да се направи, а секогаш е подобро да се направи помала количина и секогаш свежо. Лекот можете да го чувате затворен во стаклена тегличка во фрижидер или на собна температура.
Куркумата многу лесно се соединува со медот, потребно е само малку да промешате и веднаш ќе го добиете златниот мед. Наутро, пред да го испиете кафето или било што друго, изедете една полна лажица од овој златен мед.
Доколку б оледувате од некои потешки состојби, тогаш оваа мешавина користете ја најмалку еден месец редовно, по трипати дневно, по една лажица, 20 минути пред главните оброци.
Потребни состојки: 1 кг ливадски или багремов мед од проверен пчелар (една тегла) и 4-5 супени лажици куркума во прав (малку повеќе од рамна лажица). Постапка: добро измешајте ги состојките. Повеќе детали погледнете во видеото на Бојана Цветковиќ – ОВДЕ.