Овој колач е многу вкусен, целиот е кремаст и се топи во уста. Навистина го препорачувам за сите кои не го пробале досега, да го направат и да го пробаат. Не треба да ја вклучувате рерната, затоа што нема потреба од печење на кори.

Потребни состојки: едно пакување пишкоти, 300 мл вода, свежо ицеден сок од портокал. За крем: 600 мл млеко, 150 г шеќер, 2 кесички прашок за пудинг од ванила, 2 кесички ванилин шеер, прстофат сол, 200 г путер.

За овошен прелив: 700 г овошје (јагоди, малини, капини, рибизли…), 2 кесички ванилин шеќер, по потреба шеќер, 6 листови желатин. И уште: 500 мл слатка павлака за шлаг

Постапка: помешајте ја водата и сокот, па натопувајте ги пишкотите и редете ги во калап. За крем: сварете го пудингот со шеќерот, ванилин шеќерот и прстофат сол, па во целосно изладениот крем додајте го пенасто изматениот путер.

Кремот рамномерно распоредете ја врз пишкотите. Изматете ја слатката павлака додека да згусне како шлаг, па рамномерно нанесете го врз кремот и израмнете. Колачот оставете го во фрижидер.

Овошјето измијте го и исчистете го, исцедете го од вишокот вода, па измиксајте го додека да добиете густа каша. Во овошјето додајте шеќер и ванилин шеќер.

Кратко ставете на оган да зоврие на тивок оган со постојано мешање, колку да се растопи шеќерот. Задолжително пробајте, па доколку е потребно додајте уште малку шеќер по вкус.

Оставете да се олади, додека да стане млако. Желатинот ставете го да набубри во ладна вода според упатството на кесичката. Набубрениот желатин растопете го на пареа и додајте го во варената и изладена овошна каша.

Добро промешајте па прелијте преку шлагот. Оставете да излади и да се стегне, па послужете. Прочитајте го и следниот рецепт за брзи плазма коцки, готови за 20 минути:

Брзи плазма коцки – готови се за 20 минути. Се топат во уста! Рецепт и фотографија на Јадранка Томашевиќ

Потребни состојки: 300 г бисквити и 50 мл млеко. За фил: 3 пудинг од ванила, 750 мл млеко, 6 лажици шеќер, 250 г путер/маргарин, 200 г шеќер во прав, 2 кесички шлаг, 200 г ореви. И уште за декорација: 50 г ореви

Постапка: прво сварете го пудингот со 750 мл млеко и 6 лажици шеќер. Оставете да излади. Изматете го путерот со шеќер во прав. Шлагот изматете го според упатството на кесичката. Кога пудингот ќе излади додајте во него изматен путер и шлаг, па сето убаво соединете го. Во смесата додајте мелени ореви.

Филувајте: на тацна наредете бисквити кои претходно сте ги натопиле во млеко, па ставете половина од филот и израмнете, па повторно наредете бисквити и на крај остатокот од филот. Декорирајте со мелени ореви, оставете во фрижидер да се стегне. Можете да сечете на коцки или штангли.