Овој рецепт веќе со децении е познат кај народот како лек кој успешно ги решава проблемите со цревата и чир на желудникот. За да го приготвите овој лек не треба да одите во аптека, туку состојките веќе ги имате во вашата кујна.

Потребни состојки: 1,5 лажица маслиново масло, една полна мала кафена лажичка шеќер во прав и белка од едно кокошкино јајце (ако е можно да биде домашно и свежо, но може и купечко да се користи).

Постапка: Во еден помал, а подлабок сад ставете 1,5 супена лажица маслиново масло, па додајте една кафена лажичка шеќер во прав, па добро промешајте за да се раствори шеќерот и соедини со маслото.

На крај додајте ја белката од свежото јајце. Убаво промешајте за да се разреди малку белката, за да можете полесно да ја испиете (белката од свежо јајце обично е густа и слузава, па кај некои луѓе е од-бивна за пиење).

Оваа терапија се спроведува петнаесет дена контимуирано и без прекин, а вака приготвениот лек се пие само наутро исклучиво на празен желудник. Откако ќе го испиете лекот не смеете ништо да јадете следните два часа.

Ова е многу важно да се запамти, за да има ефект приготвениот лек. Овој стар природен лек е уште многу одамна познат кај народот и се применувал за лекување на сите проблеми со желудникот.

Се користи за: чир на желудник, чир на дванаесетпалечно црево и сите други тегоби поврзани со ош.тетена слузокожа и проблеми со дигестивниот систем. Постои уште еден рецепт кој одлично ја обложува слузокожата:

За овој рецепт потребни ви се две јајца, односно белките од две сирови јајца. Првата белка ја држите во устата подолго време, ја мешате низ усната шуплина колку што можете подолго додека таа започне да се разводнува.

После 10-тина минути оваа белка од јајце ја исплукувате. Втората белка од јајце ја пиете откако претходно ќе ја исперете устата со ладна вода. Ова одлично ја обложува оштетената слузокожа.

Се пие исто така, 15 дена или до решавање на проблемот. Сировата белка од јајце може да се пие и превентивно, доколку имате чувствителен стомак или повремено чувствувате „киселини“

Инаку, напитокот од белка, маслиново масло и шеќер во прав има пријатен вкус и не е одбивен. Се пие целиот одеднаш. Треба да запамтите дека се пие секое утро на гладен стомак, во периот од 15 дена.

И она што е најважно, после испиениот напиток, не смеете да јадете ништо следните два часа. Толку е едноставно, а ефикасно. Бидете здрави! Повеќе во видеото ОВДЕ.