Одличен напиток кој ги топи мастите, се подготвува од вечер, а се пие двапати во денот.
Циметот има голем број придобивки меѓу кои: го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крвта, совршен е за срцето, желудникот, цревата и што е најважно – тој е најдобриот зачин за топење на маснотиите во телото – еден од едноставните начини за решавање на овој проблем.
Овој зачин потекнува од кората на дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод.
Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најзастапен е во земјите околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн.
Зачинот е достапен во прав или целосен (како парченца од кората на дрвото), но може да се најде и во форма на есенцијално масло.
Луѓето го користеле уште од далечни времиња и тоа не само како зачин, туку и во природната медицина за третирање на најразлични заболувања, од кашлица до артритис. Денес, циметот е вториот најпопуларен зачин во западниот свет и кај нас, веднаш зад црниот пипер.
Циметот е богат со супстанција која поседува моќни лековити својства
Постојат два вида на цимет: цејлонски цимет („вистински цимет“) и касија цимет (циметот кој е најчесто користен или уште наречен „кинески цимет“). Овие два вида имаат различна хранлива вредност.
Касија видот содржи компонента наречена кумарин, што може да биде штетна за црниот дроб и бубрезите доколку се консумира во преголеми количини.
Циметот е добро познат по својството да го намалува шеќерот во крвта. Повеќе студии укажуваат дека овој зачин може драматично да ја намали инсулинската резистентност, помагајќи му на хормонот инсулин, полесно да си ја врши својата работа, односно да ја внесува глукозата во клетките.
Циметот може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје
Циметот исто така се поврзува и со намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања, најчестата причина за предвремена cмртност.
Оние кои патат од висок шеќер потребно е да консумираат по една кафена лажичка цимет дневно, а истовремено консумирањето на цимет го намалува лошиот холестерол во крвта и мастите. Покрај другото помага во лекување и на габичните инфекции.
НАПИТОК за топење на мастите – рецепт:
Пијте мешавина од мед и цимет во прав секое утро пред појадок на празен стомак и навечер пред спиење. Ако редовно го користите овој напиток, вишокот килограми со сигурност се намалуваат.
Исто така, редовната употреба на оваа мешавина не дозволува акумулација на маснотиите. Напитокот за слабеење се подготвува навечер, пред спиење.
Потребни состојки: 200 мл вода, 1/2 лажичка цејлонски цимет во прав, 1 лажичка мед.
Постапка: Во тенџере ставете 200 мл вода и оставете да зоврие. Ставете 1/2 лажичка цимет во прав во чаша, а потоа прелијте ја зовриената вода врз циметот. Поклопете ја чашата и оставете да отстои половина час.
Кога водата со цимет ќе се подизлади, додајте 1 мала лажичка мед. Консумирајте половина чаша пред спиење, а другата половина испијте ја наутро на празен стомак. Не додавајте ништо повеќе од наведеното.
Овој напиток функционира само ако го пиете навечер пред спиење и наутро на празен стомак. Третманот доведува до значително намалување на телесната тежина особенп ако внимавате на исхраната и ја зголемите физичката активност.
Тоа се случува затоа што циметот и медот влијаат на чистењето на дигестивниот тракт, ги отстрануваат паразитите, габите и другите бактерии, кои го забавуваат варењето на храната во организмот. Пред употреба секој поединец треба да се советува со својот лекар.
II РЕЦЕПТ: Измешајте лажичка сечкан (или мелен) корен од ѓумбир и лажичка мед во чаша топла вода, додајте 1/4 лажичка цимет. Во оваа мешавина можете да додадете и јогурт, доколку не го поднесувате лутиот вкус. Пијте го секое утро на гладен стомак, пред појадокот.
Можам да ви предложам уште еден рецепт, кој го испробав на себе си, а е одличен за чистење на организмот од токсини. Ја подготвив оваа мешавина како појадок.
Во една поголема чаша, ставете 3 супени лажици пченични снегулки, лажичка мед и лажичка цимет и прелијте со малку топла вода и чаша јогурт или кефир со помал процент на маснотии. Промешајте ја смесата и јадете. После ваков појадок, нема да чувствувате глад уште неколку часа.
НАПОМЕНА: Пред примена на напитоци од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар поради индивидуалната здравствена состојба, а особено лицата кои веќе користат некои лекови.