Семето од босилек е чудо за целиот организам: Го чува срцето, го намалува холестеролот и спречува појава на клетките на р акот. Босилекот е зачин познат и ценет на трпезите ширум светот.

Во медитеранските земји, босилекот е неизоставем зачин кој придонесува исклучителна посебност во јадењата. Меѓутоа, многу не знаат дека босилекот има лековити својства, познати на источните земји и традиција.

Босилекот е извор на минерали, пред се калциум, магнезиум и железо. Конкретно овие минерали се заслужни за здравјето и квалитетот на кос.ките и мускулите, како и за поголемо производство на црвени кр-вни зрнца.

Многу луѓе покрај исхраната не внесуваат доволна количина на калциѕм и магнезиум, а додавањето на семки од босилек во оброците може да придонесе за внес на оптимална дневна количина од овие важни минерали. За оние кои не јадат месо, семките од босилек може да бидат еден од главните извори на железо.

Босилекот содржи влакна и флавоноиди. Семето од босилек содржи голема количина на влакна, посебно растворливи, вклучувајќи го пектинот. Благодарение наљ тоа, семето од босилек е добро за правилно варење на храната и целокупниот дигестивен систем.

Редовното кон-сумирање на семе од босилек може да го намали нивото на шеќер во кр-вта (студијата е направена кај дијабетичари со дијабетес тип 2). Пектинот го намалува нивото на холестерол во кр-вра, така што се спречува негова апсорпција во цревата.

Семето од босилек е исто така богато со билни соединенија, вклучувајќи ги флавоноидите и други полифеноли. Флавоноидите се антиоксиданси, што значи дека ги штити клетките од слободните радикали – има антивоспалително и антиканцерогено дејство.

Само една лажичка семе од босилек ги задоволува дневните потреби на организмот за омега – 3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од поедини заболувања на срцето и дијабетес тип 2.

Со оглед на тоа дека семето е тешко за џвакање, пред кон-сумирање, неопходно е да ги потопите семките во течност. Исто како и чиа семето, и семето од босилек набабрува во течност и добива желатинозна структура.

Една лажичка семки прелијте ги со 250 мл вода. Оставете да набубрат околу 15 минути, а величината ќе им се удвои. Секое зрно ќе нарасне до трипати и надворешноста ќе стане сива со црно јадро во средината.

Семките имаат благ, неутрален вкус и најчесто се комбинираат во слатки јадења. Може да се додадат во лимонада, супа, јогурт, пудинг, салата, смути, овесна каша.. Поради големата количина на влакна, семките од босилек може да доведат до подуеност, затоа е потребно да ги внесете постепено во исхраната.

На овој начин, дигестивниот систем ќе се прилагоди на овие безгранично хранливи семки. Семето од босилек содржи витамин К, кој може да предизвика интеракција со некои лекови. Пред кон-сумирање, доколку користите некоја терапија со лекови, консултирајте се со вашиот лекар. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска