Вашето тело со помош на овие вежби од само четири минути дневно, во текот на еден месец – драстично ќе се трансформира! Вежбите специјално се осмислени според динамика и редослед за брзо да го активираат сого.рувањето на мастите и тонизирање на мускулите.
Тоа е совршена комбинација од вежби за с лабеење кои од вас бараат ангажман од само 4 минути дневно! Оваа комбинација или сет од вежби се нарекува ТАБАТА и претставува тренинг од висок напон.
Меѓутоа, Табата е повеќе начин на вежбање отколку вид на вежба – како што некои ја нарекуваат. Доколку немате кондиција или сте тотален почетник, потребно е најпрво да ги изгледате целосно вежбите кои траат вкуспно 4 минути.
Потоа обидете се да ги повторите движењата на сите вежби кои се дадени во видеото. Некои ќе ви се видат лесни, некои тешки, а некои потешки од другите. Но, имајте во предвид дека истите ги изведуваат професионалци, па затоа ќе ви се чини дека се полесни одошто навистина се.
Не претерувајте додека не можете да ги изведете сите повторувања. Важно е да го поставите правилно телото при секое изведување и да внимавате да не се пов-редите. Како за почеток, направете само неколку повторувања, а паузите нека бидат подолги.
Со текот на времето ќе стекнете кондиција и ќе можете да ги изведувате слеано сите вежби, исто како што ги изведуваат и професионалците. Ова особено важи за потешките положби како што е планкот, на пример.
За дваесет секунди интензивен тренинг со одмори од по 10 секунди, Табата, како што е наречен овој ситем од вежби, е во состојба за 4 минути да ја согори секоја калорија која е вишок во вашето тело.
Доктор Изуми Табата е човек кој го осмислил овој тренинг според кој вежбаат и светски спортисти. Долги години овој начин на тренирање е тестиран за да се дојде до заклучок дека со помош на ваквиот начин на вежбање, најлесно ќе ги стопите вишокот килограми.
Што се однесува до вежбите, изборот е до вас: можете еден ден да правте склекови во комбинација со сквотови, вториот ден да правите стомачни во комбинација со трчање во место, со тоа што мора да го следите темпото од 20 секунди интензивно вежбање, а потоа 10 секунди одмор или лесен тренинг.
Табата тренингот ви гарантира: здраво сла-беење, дефинирање на мускулите на целото тело, намалување на кр.вниот притисок, ослободување од ст.рес, полесно заспивање, подобри метаболички функции и подигање на расположението.
Овој тренинг е осмислен така да може да го практикуваат и аматери и професионални спортисти. За вежбање во теретана, но и дома. Важно е само секој ден да вежбате по 4 минути според советите на доктор Табата.
Видеото можете да го погледнете на линкот ОВДЕ и сочувајте го, за да можете редовно, секојдневно да си го вклучувате додека да ги редоследно да ги запамтите вежбите.