РУЈЕВИНА – СПАС ЗА БУБРЕЗИ: Најдобриот лек кој брзо ги решава сите проблеми

Рујевината процвета кај нас. Се користи за бубрежни болести и инфекции, за камен… Изобилува со танини, па затоа се користи и во случај на дијареа, кр-вавење на хемороиди, колитис, киселини во желудникот, за простата, бактерии во уринарен систем и др.

За лек се користат стеблото и листот на дрвото. Стеблото се бере во декември, јануари, фебруари…а, листот кога рујевината цвета како сега, на почетокот (јуни) – Фотографии на Изет Хамида Зерем.

ОБИЧНА СМРАДЛИКА / РУЈ / РУЈЕВИНА

Руј или Обична Смрадлика /Cotinus coggygria Scop./ е едно од најпознатите лековити растенија на Балканот. Сигурно не постои човек кој не се уверил во нејзините лековити моќи. Ова растение е познато и како рујевина.

Рујот може да биде како грмушка или дрво што достигнува висина до 4 метри, а може да се најде меѓу другите грмушки или во дабови шуми. Расте на карпеста, сува и варовничка почва. Рујот може да се најде и на потоплите делови на Балканот, а најмногу на места до 800 метри надморска височина. Може да се најде и во Јужна Европа.

Гранките од рујот имаат црвеникава тенка кора и жолта внатрешност.

Листовите се елипсовидни или овални со изразени жилички. Листовите се сиво-зелени одозгора и темно зелени од долната страна. Тие имаат специфичен мирис и може да ја станат црвени на есен. Цветовите на рујот се двопо-лови, со бледозелена боја, собрани во соцветија.

Состав

Листовите на рујот содржат 25% галотанини, галови и елагинска киселина. Есенцијалното масло од оваа билка има многу пријатна арома, а хемискиот состав на билката е многу сложен: камфен, линанеол, тирпенеол, алфапин, мирцен. Дрвото содржи флавоноид физетин. Танините се концентрирани во лисјата.

БЕРЕЊЕ И ЧУВАЊЕ

Лисјата се берат за лекување кога дрвото почнува да цвета дури и пред да се појават плодовите. Тие се берат многу внимателно и треба да се внимава да не се згужваат или исушат.

Исто така, треба да се внимава лисјата да не се влажни, бидејќи во тој случај ќе изгубат голема количина од танините. Рујот може да се најде во секоја аптека, а неговото чување е едноставно – во добро затворена кутија, на суво и ладно место и надвор од директен контакт со сончева светлина.

ЛЕКУВАЊЕ

Освен што ова дрво е добро за лекување на бубрежни болести, инфекции и слично, Обичната смрадлика или попозната во регионот како Рујевина, помага и за сла-беење.

Смрадликата е богата со танини и затоа се користи при кр-вавења, дијареа, колитис, пародонтоза, забоб-олка, ангина. Поради танините погодна е како чај да се пие при дијареа. Се употребува при губиток на коса и потење на нозе.

Се покажала ефикасна за ваги-нално испирање, киселини во желудник, гаргарење. Обичната смрадлика е далеку најдобриот лек за простата, болести на мочен меур, бубрези и бактерии во уринарниот тракт, ешерихија коли клебсиела, протеус.

Чајот мора да се користи со консултација на лекар, особено доколку истовремено се користи и медикаментонозна терапија. На НМД имавме објавено сторија од човек кој ја користел оваа билка за лекување на бубрезите, па истата можете да ја проследите во продолжение. Како се бере и како се приготвува овој чај, можете да погледнете во видеото ОВДЕ.

Милорад од Орашје пишува:

Ми беше опе-риран малиген тумор на срцевината од бубрегот, па така останав без еден бубрег, а другиот работеше само 40%, со константна к-рв во урината, што гледам дека не е реткост меѓу луѓето и читателите на интернет.

РУЈЕВИНА / Фото: Изет Хамида Зерем

Докторите ми рекоа дека морам да започнам со дијализа за да ги исфрлам ток-сичните материи од организмот кои преостануваа, бидејќи мојот бубрег не можеше тоа да го направи.

РУЈЕВИНА / Фото: Изет Хамида Зерем

Ова требаше да трае додека да се подобри состојбата, а ако не се подобреше, тогаш ќе ме ставеа на листата за тран-сплантација, а тоа значеше и моја с-мрт.

Слушнав приказна за некое дрво кое било најдобро за слабост на бубрези, уринарни канали, к-рв… па истото го пронајдов и тоа многу евтино (1 евро) за кесичка исечкани гранчиња.

РУЈЕВИНА / Фото: Изет Хамида Зерем

Треба да бидат од полно, квалитетно дрво, исечени од здраво дрво, полно со сок, така што гранчињата да го задржат тој сок и кога ќе се исушат можете да добиете квалитетно црвенкасто-црно обоен чај, кој е толку силен што ги фарба садовите во кои се вари, но го опоравува организмот за неколку денови.

РУЈЕВИНА / Фото: Изет Хамида Зерем

Чајот се прави од дрвото Обична смрадлика, (Рујевина, Cotinus coggygria).

Ставете парче дрво од 3-4 см или компактно или исеч-кано, во еден литар ладна вода, да проврие околу 20 минути, па оставете да преноќи.

Следниот ден пијте трипати дневно по една голема шолја, иако може да пиете и почесто, во зависност од тоа што сакате да постигнете. Пред употреба можете да го загреете чајот. Ќе видите дека ова е вистинскиот чај. Понекогаш нештото е толку евтино и блиску, а ние не го забележуваме во морето од лаги.

Нема да се покаете бидејќи не може да одмогне. Мојот бубрег работи нормално, а докторите не можеа да веруваат дека се ослободив од хематуријата и дека не мора да одам на трансплан-тација, а чајот го пијам секој ден и понатаму“, напиша Милорад.

БЕНЕФИТИ

Рујот има антисептично, антиинфламаторно дејство, како и ефект на затегнување. Антивоспалителното дејство го прави ова растение добар лек за многу болести. За оваа цел се користат листовите од младите гранчиња.

Рујот е моќен лек за разни воспалителни процеси во усната шуплина. Болестите за кои помага ова растение се парадонтоза, афти, лош здив, стоматитис, гингивитис и друго. Рујот често е една од главните состојки на пастите за заби или течнсоти за плакнење на устата.

Бањите со руј имаат позитивен ефект врз хемороидите и често се користат за лекување на постојани бел секрет / колпитис / со внатрешно плакнење на слузокожата. Рујот е една од најефикасните билки кога станува збор за иритации на кожата како егзема, ра-ни, чирови, отоци, потење на стапалата и слични појави.

Претходна статијаСАМО 4 МИНУТИ: Тренинг кој ги топи мастите и го затегнува телото – лесни вежби кои секој може да ги прави
Следна статијаЗЕЛЕНИ ОРЕВИ ВО МЕД: Моќен сируп за успорена работа на штитна жлезда, слабеење и силен имунитет