Исто како што не можеме да си го лижнеме лактот, да ги држиме отворени очите додека киваме, луѓето не би требало да можат да се скокотнат сами себе, сепак, постојат и такви кои можат – и за нив имаме лоши вести. Научниците дошле до заклучок дека лицата кои се во состојба сами себе да се скокотнат – можеби се шизофрени.
Неодамнешното истражување објавено во списанието „Свест и когнитивност“ биле анализирани како здравите луѓе со „нагласени шизофрени црти“ реагираат на скокоткање. Од учесниците на студијата било побарано да се обидат сами себе да се скокотнат, а потоа ги скокоткале истражувачите.
Потоа од нив било побарано да пополнат анкета и оценат колку биле скокотливи во двете ситуации. Резултатите покажале дека лицата со најголеми шизофрени црти подеднакво биле скокотливи кога сами себе се скокоткале и кога други ги скокоткале.
Истражувачите веруваат дека причината за ова е тоа што нивниот мозок не е секогаш во состојба да ги разликува акциите кои тие сами ги прават од оние кои на нив им ги прават други. Во случај да сте во состојба да се насмеете кога сами себе се скокоткате, тоа може да биде знак дека патите од жизофренија, а можеби сте само пречувствителни.