Во христијанството, со овој празник се прославува победата на животот над с-мрт-та, а на богослужбите овој ден, се спомнуваат стра-да-њата на Христос и вос-кресението на Лазар како гаранција за воск-ресение на сите верници.
Лазаровата сабота се слави во сабота пред празникот Цветници (кој секогаш паѓа на шестата недела од постот) и овој ден е посветен на сеќавањето на воск-ресението на четиридневниот Лазар и влегувањето на Христос во Ерусалим , каде што децата свечено го пречекале и поздравиле.
Овој празник е воспоставен во Ерусалим кон крајот на 4 век. На денот на Лазарева сабота во попладневните часови се служи вечерна богослужба во православните цркви, а во црквата се внесуваат млади врбови гранчиња кои тукушто разлистале.
Откако ќе се ос-вети врбата, свештеникот им дели гранчиња на луѓето, а потоа има трикратна поворка околу храмот со црковни знамиња. Луѓето шетаат околу храмот пеејќи го тропарот во саботата на Лазар.
Собраните гранчиња од врба на Лазарева сабота, следниот ден, на Цветници се носеле и биле благословувани во црквата, а потоа се чувале во домовите. Овој празник е ден на детска радост, и многу семејства го слават како крсна слава. Со овој празник започнуваат големите велигденски празници.
Лазарева сабота – Тропар
Лазар бил родум од Ерусалим. Тој имаше две сестри – Марта и Марија Магдалена. Нивниот татко почи-нал три, а мајката седум години пред да го запознаат Исус. Селото во кое живеел Лазар и каде што Исус го вос-креснал се вика Бетани или Витанија.
Сместено е на источната падина на Маслиновата Гора, на само три километри од Ерусалим. Кога и да поминувал Исус низ оваа област, тој престојувал во нивната куќа, уживајќи во нивното гостопримство и пријателство.
Кога Лазар се разболел, Исус не бил во Јудеја. До него стигнала порака од Лазаревите сестри: „Еве, болен е оној што ти го љу биш“. Добивајќи ја пораката, Исус рекол: „Оваа болест не е за с-мрт, туку за слава на Бога, за преку него да се прослави Синот Божји“.
Затоа тој не отишол веднаш во Витанија. Лазар набрзо починал. На третиот ден, Исус ги повикал учениците да одат во Јудеја. Тие го обесхрабрувале затоа што знаеле дека Евреите сакаат да го у-би-јат. Но Исус рекол: „Лазар е мрт-ов; ајде да одиме кај него“.
Тогаш апостол Тома им рекол на учениците: „Ајде и ние, да ум-ре-ме со него“. Кога Исус Христос се приближил до Витанија, многу луѓе од Ерусалим дошле кај Марта и Марија да ги утешат во нивната тага.
Кога дошол Исус, дознал дека Лазар лежи мрт-ов веќе четири дена. Марта слушнала дека Исус доаѓа, и излегле од куќата пред него и му рекла: „Господи, да беше тука, мојот брат немаше да ум-ре“. На ова Исус и рекол дека нејзиниот брат ќе вос-кресне, а таа одговорила: „Знам, Господи, дека ќе вос-кресне на последниот ден“.
Тогаш Исус и рекол: „Јас сум вос-кресение и живот: оној што верува во мене, иако е мрт-ов, сепак ќе живее. Дали веруваш во ова? Марта одговорила: „Да, Господи, верував дека си ти Христос, Божјиот Син, кој требаше да дојде на светот“.
Тогаш Марта ја повикала Марија, нејзината сестра и и‘ рекла: „Дојде учителот и те вика“. Марија станала брзо и отишла кај него на истото место пред селото, каде што го остави Марта. По неа тргнале и луѓе кои дошле во куќата за да ги утешат.
Кога Марија го видела Исус, паднала пред неговите нозе и му рекла: „Господи, да беше тука, мојот брат немаше да ум-ре“. Таа сцена го допрела Исус, па тој заплакал кога ги видел Марта и Марија и другите луѓе како плачат. Потоа ги прашал каде го оставиле Лазар, и тие го однеле да го види гро-бот каде што го пог-ребале.
Кога дошле до гробот, кој беше во една пештера затворена со камен, Исус заповедал да се подигне каменот што го затворал влезот на гроб-ницата. Марта рекла: „Господи, веќе см-рди, бидејќи поминаа четири дена откако тој почи-на“. Исус и одговорил: „Зар не ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“
Потоа гласно извикал: „Лазаре, излези надвор“. Лазар излегол целиот завиткан во завои на рацете и нозете. Лицето му било завиткано со крпа. Потоа Исус им заповедал: „Одврзете го и пуштете го да оди“. И четворица од нив, придружувани од дванаесет ученици и поворка Евреи, кои беа зачудени од чу-дото, се вратија дома.
Очите на Лазар се навикнале на светлината, а неговите нозе, иако ослабени, го носеле добро, па си ги ги допрел неговите раце. Вредната Марта, како и секогаш, зафатена со подготовки за гостите, подготвила вечера најдобро што можеше по четиридневна жа-лост за нејзиниот брат.
Вос-креснатиот Лазар јадел со своите сестри и пријатели. Марија гледала во победникот над с-мрт-та, кој го кршел леб и го пиел своето вино и мирно се однесувал како тој ден да е како и секој друг. Сите кои го виделе ова поверувале дека Исус е Божји син.
Оттогаш, Лазар повеќе не се споменува, туку само под новото име Јован. Затоа тој, како единствен ученик, имал храброст и сила да застане под Христовиот крст (затоа што поминал низ иницијацијата на вос-кресение), додека другите апостоли се разбегале од страв да не бидат и тие рас-пна-ти на крст.
Па така Лазар-Јован можел да ги слушне Христовите зборови: „Јоване, еве ти мајка“, а на мајка си и се обрати со: „Жено, еве ти син!“ (Јован 19: 26-27).
Мора да го знаеме следново:
Во тоа време, каз-ната за пре-дав-ство на претхристијанските мистерии т.н. „вос-кресение“, била с-мрт. Христос го знаел тоа. Исус за прв пат на човештвото му објавил ново христијанско освештение, овој пат не во тајност, како што тоа го правеле старите учители т.н. хиерофанти, туку за првпат се објавило јавно.
Бидејќи Исус направил чу-до над Лазар, големите црковни „великодостојници“ од тоа време се обидувале да го фатат и да го по-гу-бат „вос-креснатиот Лазар“. Тој се скрил и избегал под новото име Јован. Остатокот од животот го поминал на островот Кипар.
Лазар бил епископ на Кипар. Таму доживеал длабока старост. Како единствен запознат со идниот развој на христијанството, се смета (но не се знае со сигурност) дека тој напишал: „Евангелието според Јован“ и „Јовановото откровение, т.е. АПОКАЛИПСАТА.
После вос-кресението на Лазар, Исус Христос влегол свечено во Ерусалим, каде го пречекале мноштво весели луѓе, кои, меѓу другото, носеле палмини гранчиња во своите раце.