Фотографија и рецепт на Верица Николиќ. Мене овој рецепт ми го даде пријател кој имаше холестерол и преку 12 единици, двојно повеќе од максимално дозволената граница! После испиениот лек холестеролот му се вратил на нормални вредности.
Потребни состојки: 600 г лимон, 60 г домашен лук (да не е кинески!), 2 литри вода. И уште: 10 г сода бикарбона и вода
Постапка: лимонот потопете го во вода во која сте раствориле сода бикарбона. Оставете го да отстои најмалку 5-6 часа. Потоа лимонот извадете го од растворот и добро измијте го под млаз ладна вода.
Лимонот исечете го на четвртини, заедно со кората, па ставете го во подлабок сад. Лукот не го лупете, само отстранете го коренестиот дел, па секое чешне притиснете го со виљушка за да пукне и додајте го кај исечениот лимон.
Прелијте ги со 2 литри ладна вода и ставете поклопено на оган да зоврие. Штом зоврие, тргнете од оган и оставете го така поклопено да излади, 12 часа на собна температура. Потоа процедете низ цедалка како чај и складирајте го во стаклени шишиња кои треба да се чуваат во фрижидер.
Секое утро се пие по 100 мл, пред појадок, на гладно. Не се пие одеднаш, туку во неколку голтки. Кога ќе се испие направената количина, се прави пауза од 7 дена, па се повторува со уште една доза. Повторно се прави пауза и се повторува по третпат. Значи вкупно три пати со паузи од по седум дена помеѓу.
После овој третман холестеролот сигурно се доведува во нормални граници. Мене овој рецепт ми го даде пријател кој имаше преку 12 единици, двојно од нормалното, а после испиениот лек, му се вратил во нормални граници.
КАКО ДА СЕ ОДРЖУВА ХОЛЕСТЕРОЛОТ ВО НОРМАЛНИ ГРАНИЦИ?
Одржувањето на здравјето бара постојана грижа и следење на балансот во организмот. За тоа добро е да не се пропуштаат сезонските превентивни прегледи кај матичниот лекар, како и да се прават почести кр-вни и срцеви испитувања.
Испитајте го холестеролот навреме
Холестеролот е нормален составен дел на сите клеточни мембрани во човечкиот организам. Тој е неопходен за синтеза на машките и женските по-лови хормони, на хормоните на надбубрежната жлезда, на витамин D и на други материи.
Холестеролот не е штетен елемент во составот на човечкото тело, но постојат граници каде има ризик од посериозни здравствени проблеми.
Сигурен начин за одржување нормално ниво на холестерол е редовното негово испитување. Специјалистите препорачуваат освен вкупниот, да се следат и „лошиот“ (LDL) и „добриот“ (HDL) холестерол, како и триглицеридите.
Познато е дека 20 години е возраста на која треба да се направи првото испитување за одредување на вредностите на холестеролот. Откриен навреме, зголемениот холестерол може да се совлада и подоцна да не доведе до сериозни здравствени проблеми.
Кога холестеролот е нормален?
Нормалната содржина на општиот холестерол во човечката к-рв е околу 3, 36-7, 76 mmol/L (околу 1, 3-3, 0 g/l). Здрав возрасен човек има околу 5 литри и општо 6, 5-15, 0 грама холестерол во неа. Во целото тело човек има околу 250 г. холестерол.
Нормалните вредности на општиот холестерол се 5, 2 а границата е 6, 5; кај лошиот холестерол прифатливите вредности се од 4, 0 до 5, 0; за добриотод 1, 0 до 0, 9. Секоja вредност надвор од овие граници, се смета за б олна состојба и е препорачливо да се преземат мерки.
Кај веќе утврден холестерол
Во овие случаи треба да се направи консултација со кардиолог. Добро е да се преземат мерки, така што ќе се започне со примање на природни производи со омега-3 масни киселини. Треба да се определи ризикот од појавата на атеросклероза или натрупување на атеросклеротични плаки. Кај симнувањето на холестерол се важни неколку фактори-возраст, општа здравствена состојба, хранливи навики, наследна оптовареност и др.