Разни фактори може да ја предизвикаат оваа непријатна состојба, но многу лесно можете да направите ефикасни природни препарати кои ќе ви помогнат да се изборите со нив.

МАСЛО ОД МЕНТА И ЕВКАЛИПТУС

Ако станува збор за опструкција на дишните патишта, инхалацијата со праеа може да помогне да ви се вратат сетилата за мирис и вкус. Влажната и топла пареа ќе го ублажи воспалението и ќе ги исчисти блокираните дишни патишта.

РЕЦЕПТ

Загрејте вода до зовривање и додајте неколку капки етерично масло од мента или евкалиптус. Покријте ја главата со пешкир и вдишувајте ја пареата неколку минути, додека можете да издржите. Постапката повторувајте ја неколкупати дневно.

ЛУТА ПИПЕРКА

Ако губитокот на вкус и мирис е предизвикан од синуситис, настинка или инфекција на респираторните патишта, пробајте да го решите овој проблем со лута пиперка. Нејзината активна компонента капсаицин ги ублажува затнатите дишни патишта и стимулира лачење на плунка, што го враќа сетилото за вкус.

РЕЦЕПТ

Измешајте една третина лажичка лута пиперка и лажичка мед, па растворете во чаша топла вода и испијте. Повторувајте 2-3 пати дневно за да се разбие густиот секрет („шлајмот“) и да се стимулира лачење на плунка. Лутата пиперка користете ја и во текот на готвењето за стимулација на плунковните жлезди. За иста цел може да се користи и црниот пипер.

ЛИМОН

Цитрусниот мирис и вкус на лимоновиот сок може да помогне да се поврати сетилото за мирис и вкус. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц, антиоксидант кој го јакне имунитетот и помага во борбата со инфекциите и разни болести.

РЕЦЕПТ

Исцедете еден лимон во чаша топла вода и додајте две лажички мед. Ова пијте го двапати дневно. Помеѓу оброците изедете мало парче лимон за да го стимулирате непцето. Неколку капки есенција од лимон капнете на марамче па вдишувајте наутро и навечер по неколку секунди. Постапката повторувајте ја неколку седмици. Исто така, користете лимонов сок за да го засилите вкусот на храната.

Отоларинголог тврди дека ова помага да се врати сетилото за мирис кое сте го изгубиле поради вирусот

За да се поврати сетилото за мирис после прележаниот вирус, потребно е да се обнови пристапот за воздух до нервните завршетоци кои се наоѓаат во носот.

“Мора да користите вазоконстриктивни лекови, капки, редовно да ја навлажнувате носната шуплина, а растворот со морска сол можете да ја приготвувате и сами. Обезбедете доволна влажност во просторијата во која престојувате”, рекол познатиот отириноларинголог во московскиот MedSwiss центар Abdulla Khodzaev.

Овој доктор укажал на потребата од консумирање на витамини од Б групата и мултивитамини за обновување на нервните клетки. Би требало да се јаде здрава храна, да се пие вода во доволни количини, а строго да се исклучат никотинот и ал-кохолот, заклучил.

Според рускиот отоларинголог Алексеј Кошељев лицата заразени со новиот вирус добиваат оток на носната слузокожа, па поради тоа се ограничува пристапот на рецепторите на горниот дел од носната слузокожа.

“Како третман треба да се спроведе „тоалет на носната шуплина” односно третман кој подразбира хигиена на носот со солени раствори. Втор метод е употреба на лекови кои се нарекуваат локални стероиди – хормони, а нивната задача е да се задржат во носната шуплина. Не се апсорбираат во кр-вотокот, не предизвикуваат завис-ност и главно се погодни за целогодишна употреба.

Го ублажуваат отокот и го подобруваат пристапот на рецепторите. Како контраиндикации се јавуваат суви носни шуплини и кр-вавење ако слузокожата почне да пу-ка”, изјавил Кошељев.

Тој исто така забележал дека новиот вирус може да биде ток-сичен за самите рецептори. Значи, продолжениот едем може да предизвика деградација на рецепторите и нервното ткиво.

Тој предупреди дека некои од неговите пациенти не можеле да го повратат сетилото за мирис дури шест месеци.

Кон средината на октомври, минатата година, експертите од Британскиот Национален Институт за здравје ги набројале последиците од болеста, меѓу кои се повеќемесечни проблеми со мозокот, екстре-мна исцрпеност, губиток на вкус и мирис…