Една од моќните намирници и сојузник во правилната исхрана на човекот е секако грашокот. Нема многу калории, а содржи голема количина протеински влакна. Протеините помагаат да се намали апетитот, а после нивна кон-сумација долг период се чувствувате сити. Некои нутриционисти истакнуваат дека грашокот е една од намирниците што помага за изградба на мускулно ткиво и намалување на масното ткиво.

Придобивките од грашокот се многубројни, а една од важните карактеристики (особено за дамите) е тоа што го намалува нивото на грелин (хормон кој го стимулира гладот). Исто така, една од важните работи е тоа што грашокот споро се дигестира, а тоа помага долго време да се чувствувате сити.

Придобивките од протеините се многубројни, а особено е важно тоа што телото ги користи за да ги „храни“ виталните органи и хормони во телото. Ако јадете помала количина на протеини или воопшто не внесувате протеини, има големи шанси да ви се намали имунитетот, предупредуваат нутриционистите.

Дополнително, грашокот е полн со диетални влакна, со што исто така, помага во регулирање на шеќерот во кр-вта и некои други состојби. Влакната од грашок исто така, можат да бидат корисни во лекувањето на чир на желудник, кај проблеми со хемороиди, а можат да помогнат и во зајакнувањето на здравјето на срцето и кр-вните садови.

Грашокот е одличен доколку имате проблеми со дигестијата, бидејќи влакната помагаат во одржувањето на здрави бактерии во цревата и го намалуваат нивото на лошите. Некои студии покажале дека грашокот има антиканцерогено дејство, а сето тоа благодарение на високата концентрација на антиоксиданти.

Грашокот е семе од растението Pisum sativum. Имено, грашокот спаѓа во фамилијата на мешункасти плодови како гравот и леќата и изобилува со протеини. Младиот грашок претставува нискокалорична намирница збогатена со бета-каротин и витамини од кои А, Ц, Б1 и Б2.

Просечниот хемиски состав на грашокот е: 79% вода , 5,4% протеини, 0,4% масти, 14,5% јаглени хидрати. Грашокот е неопходна состојка за подготвување на вкусни јадења а најпопуларен е во летниот период со супа, месо, салати или варива.

Некогаш грашокот важел за храна на сиромашните, но денес е присутен во многу елитни ресторани.

Според тврдењата на професорот Хадемар Банкхофер од Виена, грашокот содржи многу белковини и ја поттикнува изградбата на мускулната маса. Само 100 г грашок го снабдува организмот со десет пати повеќе белковини, отколку на пример една виршла со помфрит и парче торта со шлаг.

Грашокот меѓу другото заситува затоа што е богат со белковински материи и полека поминува низ дигестивниот тракт. Високиот процент на белковини има уште една предност, ја снижува зголемената вредност на холестеролот. Освен тоа, грашокот има и големо количество на магнезиум. Само малку издинстван, грашокот станува вистинско антист-рес јадење.

Исто така е идеален оброк за деца, затоа што после поминатиот ден во училиште дава нова енергија. Освен што ја поттикнува изградбата на мускулите, грашокот ги зајакнува нервите, косата и сврзното ткиво, а ја подобрува концентрацијата и видот.

Општи својства на грашокот

Грашокот е едногодишен дикотиледон, кај кој за исхрана се користи мешунката, односно зеленото семе. Оваа мешунка е значајна поради високата содржина на протеини, шеќер и скроб, витамините А (до 200 mg%), Б1 (0,34mg%), Ц (33mg%) и високата енергетска вредност (во однос на другиот зеленчук), затоа што во 100 mg има 68 cal (285 џули).

Со зреењето, во зрното се намалува содржината на шеќер, а се зголемува содржина на белковини (до 23%) и скроб, зрното станува потврдо и неповолно за сите облици на преработка. Младото зрно на грашок е значајно поради содржината на Mg, Ca, S и P.

Антиоксидантни и антивоспалителни својства

Грашокот е извонредно богат со материи (катехини, епикатехини, алфа и бета-каротен, фенолни киселини) кои имаат антиоксидантни својства и го штитат организмот од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Исто така, во грашокот има изобилство на антивоспалителни материи кои речиси и ги нема во другите растенија, освен во грашокот.

Кога сме кај антивоспалителните материи треба да се спомене дека грашокот содржи омега-3 есенцијални масни киселини кои не се создаваат во нашиот организам, туку мора да се внесува преку храната. Антиоксидантните и антивоспалителните материи го намалуваат ризикот од: срцеви болести, дијабетес тип 2 и артритис.

Помага при регулирање на нивото на шеќер во кр вта

Грашокот е богат со растителни влакна и протеини кои помагаат за правилно варење и апсорпција на хранливите материи од храната, а исто така тие го регулираат и времето за кое јаглехидратите се разложуваат и апсорбираат. Така се спречува висок пораст на шеќерот во кр-вта. А пак други корисни материи кои се присутни во грашокот, помагаат за регулација на нивото на инсулин во кр-вта.

Грашок за подобро здравје на срцето

Се смета дека грашокот влијае и во подобрување на здравјето на срцето и кр-вните садови. Ефектот на грашокот се објаснува како резултат на неколку негови составни елементи: прво, антиоксидантите кои се присутни во него ги спречуваат оксидативните процеси кои ги оштетуваат кр-вните садови;

Второ, омега -3 линоленската масна киселина која го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми и трето, витаминот холин од групата на Б-витамини кој го намалува нивото на хомоцистеин (супстанца чие покачено ниво во организмот е ризик фактор за појава на проблеми со кардиоваскуларниот систем).

Заштита од рак на желудникот

Една студија направена во Мексико ја покажала врската помеѓу консумирањето на грашок (и други мешунки) и намалената стапка на појава на рак на желудникот. Намалување на појавата на рак се случувало кога дневниот внес на една материја наречена куместрол изнесувала над 2 мг.

Фактот дека само една шолја грашок содржи околу 10 мг куместрол е доволна причина за секој од нас да започне да ја кон-сумира оваа намирница како превенција од појава на рак на желудникот!