Природен лек за зглобови, коски и болна ‘рскавица. Помага и кај артритис и гихт. Не постои човек кој ниеднаш се нема пожалено на б олка во зглобовите, особено во колената или проблем со грбот.

Посебно ако сте ги поминале 40, 50 или 60-те години, многу е поверојатно да имате проблем со зглобовите. Во овој период од животот мора да бидете многу попретпазливи отколку што сте биле како помлади.

При стареење, зглобовите ја губат својата еластичност, се намалува коскената маса, а ‘рскавица се побрзо се троши и пропаѓа. Поради ова е многу важно да се храните здраво и да ги внесувате потребните витамини.

Коските се составени од цврсти протеински влакна. Цврсти се благодарение на калциумот кој ја овозможува цврстината и еластичноста. Затоа присуството на калциум во организмот е многу важен.

Кај 80% од луѓето кои се постари од 60 години имаат сериозни повреди на ‘рскавицата поради нејзиното слабеење и трошење. Па затоа настануваат и многу скрше-ници на коленото, колковите, дланките..

Во последните години, овој број е зголемен бидејќи луѓето не го хидрираат телото доволно, не се физички активни, постојано седат и не се хранат здраво. Кога ‘рскавицата ќе почне да се троши, б олката во зглобовите е загарантирана.

После 30-та година, густината во коските започнува да се намалува. Овој процент е поголем кај жените кои се пред менопауза бидејќи се под поголем ризик од остеопороза отколку мажите.

За да го успорите процесот на пропаѓање на ‘рскавицата на време, потребно е да се храните здраво и да го хидрирате телото доволно. Важно е исхраната да изобилува со витамини и минерали, а да ја исфрлите храната што може да ви на-штети.

На пример, ако с традате од реума, исфрлете го од исхраната белото брашно, а користете интегрално брашно. Намирниците како пржена храна, свинско и масно месо, исрлете ги доколку боледувате од гихт.

Вашата исхрана треба да се базира на свежо овошје и сезонски зеленчук. Често јадете ориз, ореви и во исхраната користете ладно, цедено маслиново масло. Оние кои имаат артритис или гихт, состојбата можат значително да ја подобрат доколку се хранат со здрава храна.

Дури и ако сте целосно здрави, треба да го практикувате здравиот начин на исхрана и редовната физичка активност за ‘рскавицата и цврстината на коските да се одржат здрави подолго време.

I Рецепт: Најдобриот лек за болни зглобови и коски 

Ако имате проблеми со коските и зглобовите, ова е вистинскиот лек за вас. Овој рецепт е вистински дар од природата и ниеден не е толку лековит како овој. Не може да ви на-штети ниедна од состојките во лекот.

Потребни состојки: 1 корен од ѓумбир, 1 лимон (со се кора), 3 полни лажици домашен мед.

Постапка: За овој рецепт потребна ви е и кората од лимон. Доколку сте го купиле лимонот од супермаркет, најпрво оставете го лимонот да отстои во вода со сода бикарбона, преку цела ноќ или неколку часа.

Излупете го коренот од ѓумбир, а потоа изрендајте го што е можно поситно. Исцедете го сокот од лимон, а добиениот сок прелијте го врз изренданиот ѓумбир. Потоа изрендајте ја кората од лимонот и додајте ја во смесата.

Во оваа смеса додајте 3 полни лажици мед и добро промешајте. Оваа смеса, чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер и оставете да отстои во фрижидер преку цела ноќ. Смесата е потребно да се чува во фрижидер.

Консумирање: Консумирајте по 1 лажица наутро, на ручек и навечер, 30 минути пред секој главен оброк. Овој лек е и одличен детокс на организмот кој ќе ви помогне да ја исфрлите вишокот сол од организмот.

Ако користите лекови за разредување на кр-вта, не го користете овој лек или претходно консултирајте се со лекар. По испиената доза направете пауза од 10 денови.

II рецепт: Чај од коњско опавче – рецепт

Коњското опавче е многу хранлива билка, чајот направен од коњско опавче е многу здрав напиток. Најважните елементи кои оваа билка ги содржи се силициум и калциум. Исто така содржи и хром, железо, магнезиум, манган, калиум, фосфор, селен, натриум и цинк.

Коњското опавче е богато со витамини А, Б2, Б3, Б5, Ц и Е и флавоноиди, антиоксиданти, фитостероли, сапонини, танини, масни киселини и силициумски киселини.

За јакнење на коските, ноктите и косата

Коњското опавче најмногу е познато по силициумот кој го содржи, минерал кој е особено важен кога станува збор за здравјето на коските и превенција од остеопороза. Често се препорачува како третман при скршеници на коски за забрзување на окостувањето и заздравување на коската.

Калциумот и силициумот заедно содржани во оваа билка, се одлични елементи за зајакнување на кршливи нокти, габични и други видови инфекции.

Чајот од коњско опавче помага и при лекување на повредени зглобови, скинати лигаменти и повредена ’рскавица. Го забрзува зараснувањето и обновувањето на ткивото.

Го регенерира сврзното ткиво и колагенските влакна, со што дополнително се забрзува времето за опоравување, се зголемува силата и еластичноста во зглобот. Една од најголемите придобивки на чајот е неговата способност да го прочистува уринарниот и бубрежниот систем, а се користи и како помош при инфекции, воспаленија и болно мокрење.

Ако се консумира чај од коњско опавче при инфекција на мочниот меур, истиот помага за полесно ослободување од т оксините и бактериите кои се исфрлаат заедно со другите ште-тни материи.

Потребни состојки: 1 лажица сува билка коњско опавче, 200 мл вода.

Постапка: Во 200 мл зовриена вода, додајте 1 лажичка од билката. Поклопете го чајот и оставете да отстои во наредните 15 минути. По изминатото време, процедете го чајот и не го засладувајте.

Се препорачува да се пие чајот трипати на ден пред оброк. Терапијата со овој чај треба да трае 6 седмици. Потоа се прави пауза од 2 месеци.

III Рецепт: Коњско опавче и говедски желатин

Потребни состојки: 1 лажица сува билка, коњско опавче, 200 мл вода, 1 лажица говедски желатин во прав.

Постапка: Чајот од коњско опавче подгответе го како во претходниот рецепт. Во него додајте 1 лажичка од говедскиот желатин, промешајте и поклопете го напитокот и чувајте го во фрижидер преку цела вечер.

Следното утро извадете го од фрижидер, но не го пијте веднаш. Оставете да се стопли малку чајот на собна температура, а потоа во него додајте 1 лажица мед. Промешајте и пијте секоја вечер по 1 чаша.

Пијте секоја вечер по 1 чаша во период од 6 седмици. Потоа направете пауза од 2 месеца. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска