Кога ќе ослаби имунолошкиот систем, кандидата која инаку нормално си живее во наиот организам, започнува пребрзо да расте и да се размножува, и тогаш го напа-ѓа нашшето тело. Кандидата е причина за појава на кандидијаза. Болеста влијае врз слузокожата на устата и гени-талиите.
Во потешки случаи воспалението ја спречува нормалната функција на внатрешните органи и се развива во хронична форма. Производите кои го инхибираат растот на штетната микрофлора помагаат и во спречување на оваа несакана состојба што ја предизвикува кандидата.
За да го спречите нејзиниот раст и развој, еве што треба да јадете: кисела зелка, јаболкова киселина, кокосово масло, зеленчук без скроб (краставица, домати, и кромид), лук (многу), ленено семе, зачини (ловоров лист, каранфилче, цимет), кефир, маслиново масло, супа од коски.
7 знаци дека се соочувате со КАНДИДА и како да се бориме со неа
Природната човекова микрофлора не е составена само од бактерии, туку од низа на различни микроорганизми, помеѓу нив и фунгите, вклучително квасците од родот Candida (Кандида). Кандидата, во помали количества, типично е застапена во усната празнина, кожата, гени-талиите и тенкото црево.
Во нормални, помали концентрации, оваа квасна габа не би требало да создава никакви проблеми. Но, сепак, ако започне неконтролирано да се размножува може да доведе до одредена инфекција, наречена кандидиjаза.
На кој начин настануваат проблемите со кандида?
Најчесто, корисните бактерии од микрофлората го држат под „контрола” растот на кандидата. Сепак, доколку дојде до некакви нарушувања во микрофлората или во дејството на имунолошкиот систем, кандидата може да почне интензивно да се размножува. Во продолжение прочитајте ги 7-те најчести и научно потврдени ризик фактори, кои водат кон неконтролиран раст на кандида и инфекции:
Тоа се: антибиотска терапија, исхрана пребогата со шеќери и рафинирани јаглехидрати, претерана консумација на ал-кохол, нарушена функција на имунолошкиот систем, ора-лна кон-трацеп-ција, дијабетес, високо ниво на хроничен стрес
Проблемите по здравјето кои може да ги предизвика инфекцијата со овој микроорганизам се најразлични. Во продолжениепрочитајте ги 7-те симптоми, според кои можете да ја препознаете инфекцијата со кандида:
Инфекција во устата
Ваквата инфекција најчесто се развива кај бебињата, повозрасните и оние со нарушен имунитет. Исто така, под ризик се оние кои не одржуваат лична хигиена на усната шуплина. Симптомите се бели, забележителни плаки по должината на јазикот, но и по внатрешноста на образите, непцата, крајниците или грлото.
Ваквите лезии можат да предизвикуваат и болки, но и да кр-вават при погруб контакт. Во полош случај, инфекцијата може да се прошири и на езофагусот, па да предизвика и болки при голтањето.
Силно чувство на замор
Еден од најчестите симптоми на инфекција со кандида е хроничниот, необјаснив замор. Иако не постојат докази дека кандидата може да предизвика замор, сепак има неколку начини според кои таа може да придонесе за ова чувство.
Кандидијазите најчесто се пропратени од некаков недостаток на некои хранливи материи, како на пример витамин Б6, магнезиум, омега 3 масни киселини итн. Недостигот на магнезиум, може да предизвика чувство на замор. Исто така, инфекциите со кандида, често се случуваат кога имунитетот е ослабен. Оваа состојба, исто така може да води кон чувство на хроничен замор.
Уринарни и вене-рични инфекции кои се повторуваат
Кандидата може да биде природно присутна во ваги-налниот тракт на жените. Неконтролирано зголемениот број на овоа габа, може да предизвика кандидијаза на ваги-ната. Се проценува дека 75% од жените, барем еднаш во текот на животот, развиваат ваква габична инфекција, а половината од нив, ќе имаат барем уште едно повторување на инфекцијата.
Симптомите на оваа инфекција се: црвенило, интензивно чешање, болки при од-носи и бел исцедок. Иако поретко, кандидијази се можни и на уринарниот тракт. Најчести се кај повозрасните лица, пациентите во болниците и оние со нарушен имунитет.
Симптомите се: болки при мокрење, честа потреба за мокрење, заматена урина со нетипичен мирис и болки во долниот дел на стомакот. Почест причинител на инфекциите со вакви симптоми сепак е бактеријата Escherichia coli, но соодветното тестирање, целосно ги разрешува дилемите.
Проблеми со дигестијата
Како што споменавме, кандидата може да биде природно пристутна и во тенкото црево. Здравјето на целиот дигестивен систем во голема мера зависи од балансот помеѓу „добрите” и „лошите” бактерии од природната микрофлора.
Корисните или „добрите” бактерии ни помагаат во дигестирањето на некои компоненти кои ние не можеме да ги свариме, а се присутни во храната (недигестибилен скроб, растителни влакна некои шеќери и сл.).
Потенцијалниот дисбаланс во цревната микрофлора може да доведе до инфекции со кандида, кои можат да предизвикаат дијареа, запек, гадeње, повраќање и грчеви и болки во стомакот. Последните истражувања покажуваат и дека кандидијазите во дигестивниот тракт, можат да бидат ризик фактор и за некои посериозни заболувања, вклучително улцеративен колитис и Кронова болест.
Синусна инфекција
Повеќето хронични синусни инфекции се сметаат за причинети токму од габите. Доколку синусната инфекција ви трае повеќе од 1 месец, како можен причинител се јавува и кандидата.
Кожни и инфекции на ноктите
Исто како и во стомакот, така и на кожата, присутни се повеќе други микроорганизми кои го ограничуваат растот на кандидата. Промените во природната состојба на микрофлората на кожата од најразлични причини (претерано миење на кожата со различни препарати, дезинфекциони средства, средства за миење садови и сл.), може да доведе до неконтролиран раст, па и инфекции со кандидата.
Инфекциите се можни било каде на кожата, но најчести се под пазувите и на препо-ните. Симптомите сe: црвенило, интензивно чувство на чешање и црвени пликови. Слично, овие квасци можат да предизвикаат и инфекции на ноктите.
Болки во зглобовите
Ако инфекцијата со кандида не се третира (или по тешки опера-ции), нејзините клетки можат да навлезат во кр-вотокот и да циркулираат низ целото тело. На тој начин можат да стигнат и до коските и зглобовите, предизвикувајќи ифекции (остеомиелитис) кои резултираат со болки, вкочанетост, но и зголемен ризик од артристис.
Како да се бориме против оваа инфекција?
Најдобриот начин на третирање и превенирање од повторна инфекција со кандидата е утврдувањето на причините кои довеле до неа. Вашата секојдневна исхрана има многу важна улога во одржувањето на природниот баланс во цревната микрофлора, што е значајно за превенирање од кандидиазите.
Исхрана која е богата со рафинирани шеќери и млечни производи може значително да го зголеми ризикот од неконтролираниот раст на кандидата, но и на некои други „лоши” микроорганизми присутни во природната микрофлора и следствено на тоа, да предизвика инфекции.
Од друга страна, многу други видови на храна (пробиотска, полнозрнeста, свежа) можат да го поддржат балансот на корисната цревна микрофлора и со тоа да го намалат ризикот од кандидијази. Следните неколку прехранбени продукти се покажале како успешни во борбата со кандидијазите:
Лукот – поради содржината на антифунгалното соединение алицин; куркумата – низа од студии покажуваат дека нејзината компонента куркумин, може да помогне при кандидаза; алое вера – може да превенира и други орални инфекции; калинки; комбуха чај; пробиотици
Што е важно да се запамети?
Инфекциите со овие габи не се животозагрозувачки. Сепак, доколку не се третираат, клетките од кандидата можат да навлезат во циркулацијата и да создадат поголеми проблеми во некои витални органи, како на пример, во срцето и мозокот. Затоа е важно да знаеме да ги препознаеме симптомите.
Повеќето диети за „лекување” на инфекциите со кандида подразбираат исфрлање на рафинираните шеќери, млечните производи и општо, процесираната храна. Ваквиот пристап е корисен за општото здравје на човекот, но самото тоа нема да ја излекува габичната инфекција.
Секако, погоре споменатите намирници можат да помогнат, но само како додаток. Најдоборо е да се обратите кај лекарот, кој ќе ви даде соодветна терапија.