Говедскиот желатин е една од речиси секојдневните состојки и додатоци на јадењата што најмногу ги користеле нашите баби. Често може да се најде во рецептите за торти и други домашни рецепти.
Иако во тоа време не било познато кои се лековитите својства на говедскиот желатин, денес е добро познато дека тој има корисен ефект врз здравјето. Има позитивен и лековит ефект врз зглобовите, ‘рскавицата, сврзното ткиво, што ги прави посилни и поотпорни на повреди.
Покрај тоа, го зајакнува срцевиот мускул, го регулира метаболизмот, ја подобрува меморијата, ја прави кожата поздрава и и дава подобра еластичност.
Едноставно кажано, желатинот е безбоен прашок кој е исклучително богат со колаген, бидејќи всушност тоа е неговата најчиста форма. Своите извонредни лековити својства ги должи на присуството на диетален колаген, пролин, глицин и протеини.
Затоа денес говедскиот желатин сè повеќе се користи за нега на лице и коса – како козметички производ кој дава феноменални ефекти кога станува збор за затегнување на кожата и отстранување на брчките, а познато е дека е ефикасен за намалување на килограмите.
Поради високата количина на лековити својства има извонредно влијание врз нашето здравје. Комбинацијата на овие супстанции значи дека говедскиот желатин е многу добар природен лек за лекување на болната ‘рскавицата во коленото. Позитивно влијае и на тетивите, мускулите, кожата, коските, косата и ноктите.
Како што сугерира името, желатинот е од животинско потекло. Поточно, се прави со обработка на нивните ‘рскавици, тетиви и коски, а достапен е главно во форма на прав. Обично е составен дел од многу оброци и производи како сладолед, гумени бомбони, јогурт итн.
Неговата примена е повеќекратна, а резултатите од лековитите својства се видливи само по неколку дена доколку редовно се користи и се консумира како лек.
Одличен производ за нега на кожата
Желатинот помага да се регенерираат клетките на кожата, давајќи и рамномерен тен, еластичност, сјај и мекост. Бидејќи на нашето тело му е потребно постојан внес на протеини со цел нашата кожа да изгледа здрава, бидете сигурни дека говедскиот желатин е вистинскиот избор за кожата. Желатинот е богат со колаген, што е клучна состојка кога ги отстранува брчките, дамките и мозолчињата од лицето.
За заби, коса и лесно кршливи нокти
Говедскиот желатин содржи минерали што недостасуваат во нашата секојдневна исхрана и кои се од големо значење за нашето здравје. Бидејќи е богат со калциум, магнезиум и фосфор ќе ви овозможи да имате здрави и бели заби, посилна и посјајна коса, како и цврсти нокти без појава на бели дамки.
Ако сакате да изгубите тежина и да се ослободите од вишокот килограми, а се сомневате во бројни диети кои можат да бидат исцрпувачки и нездрави, сигурно нема да направите грешка ако за слабеење се одлучите за говедскиот желатин.
Имено, бидејќи содржи протеини кои се хранливи и истовремено го забрзуваат согорувањето на мастите, овој производ е идеален избор за оние кои бараат здрава и ефикасна диета.
Го намалува целулитот и стриите
Употребата на говедски желатин спречува појава на стрии бидејќи и дава цврстина и еластичност на кожата, а ги пегла дури и највидливите стрии што се појавуваат на стомакот и колковите. Што се однесува до целулитот, главниот бенефит на оваа храна е колагенот, кој го забрзува согорувањето на масните клетки под кожата.
Најдобриот природен лек за зглобови и коски
Скелетот е еден од најважните органи на нашето тело, а науката верува дека нашето целокупно здравје може да се види преку состојбата на коските. Ако сакате да избегнете на коските во староста и да превенирате остеопороза, потребно е секојдвневно да консумирате говедски желатин.
Покрај тоа што е богат со калциум, тој содржи и витамин Д, кој ја зголемува густината и квалитетот на коските, со што се намалува можноста за повторливи фрак-тури и повреди. Покрај тоа, значително ќе ја намалите можноста за појава на артритис, а кога станува збор за природни лекови за остеопороза дава извонредни резултати.
Желатинот помага во полесно варење на храната
Комплексот на аминокиселини кои се наоѓаат во говедскиот желатин го стимулира нивото на хлороводородна киселина во желудникот, што е потребно за правилно варење на храната.
Нивото на хлороводородна киселина во желудникот се намалува со стареењето, па затоа се препорачува овој природен лек за варење да го земаат сите оние кои имаат проблеми со желудникот. Покрај тоа, ќе ја избегнете опасноста од неухранетост и особено ќе ја избегнете можноста за развој на анемија.
Желатинот е ефикасен против алергии
Употребата на говедски желатин може да ги ублажи алергиските реакции и чувствителноста на бројни алергени. Имено, тој создава еден вид слој на мукозната мембрана на нашите органи. Ова го спречува супстанциите кои предизвикуваат алергиски реакции и доведуваат до напади при влез во нашето тело.
Ги одржува срцето и мускулите
Бидејќи е познато дека ги зајакнува коските и тетивите, говедскиот желатин за мускулите е вистински лек за виталност и здравје. Се советува да го консумираат оние кои имаат проблеми со срцето, бидејќи неговата редовна употреба го зајакнува миокардот, што значително ја намалува можноста за добивање срцев у дар, како и мозочен у дар.
Подготовка на лековит говедски желатин
Пред сè, треба да набавите пакет од оваа мешавина од прав. Ако сте љубител на овошните вкусови, секогаш можете да најдете желатин со вкус. Најдобро е да купите пакет од 150 грама, бидејќи е доволно за период од еден месец на употреба, колку што трае терапијата.
Постапка: Земете две лажички од овој производ секоја вечер и истурете ги во 10 мл ладна вода. Оставете преку ноќ да отстои и да се претвори се во желе. Наутро испијте го напитокот подготвен на овој начин на празен стомак, а доколку сакате слободно додајте мед, јогурт, кисело млеко или свежо исцеден овошен сок.
Терапијата трае еден месец, а потоа треба да направите пауза од шест месеци. Говедскиот желатин како лек ќе ви помогне да ја обновите ‘рскавицата на зглобовите, ќе имате поубава коса и кожа, како и посилни нокти кои нема да се кр-шат. Истиот третман се препорачува за луѓе кои имаат симптоми на гихт, како и за оние кои се опоравуваат по фрак-тура на коска.
Маска за коса со желатин
Покрај фактот дека овој природен лек може да се примени во претходно споменатите случаи, можете да користите и говедски желатин за коса во форма на маска или гел. Со желатинот може да постигнете многу подобри резултати и да ја зајакнете косата отколку со купување на скапи производи.
Ако сте уморни од купување скапи производи и регенератори за нега на коса кои постигнуваат малку и чинат многу, ние ќе споделиме со вас едноставен рецепт за третман кој ќе ги надмине сите ваши очекувања.
Ставете една лажица говедски желатин и измешајте со половина чаша ладна вода. Убаво промешајте да се соедини смесата, а потоа додајте околу половина чаша млака вода заедно со една лажичка мед и малку јаболков оцет.
Вака подготвениот гел втријте го во косата и измасирајте го скалпот, а потоа нанесете од гелот по должина на косата. Оставете го да отстои во следните 10 минути, по што едноставно исплакнете ја косата под млаз млака вода.
Следниот ден косата ќе ви изгледа побујна, посјајна, поцврста и ќе престане да паѓа. Можете да го повторувате третманот секоја вечер, сè додека да ги постигнете посакуваните резултати. Овој лек помага и при алопеција.
Искуства од читателка
Веројатно ќе ви звучи неверојатно дека овој обичен производ може да ви помогне и во слабеењето. Во случај да не сте знаеле, говедскиот желатин за слабеење често го користат спортисти и бодибилдери, бидејќи го забрзува лачењето на хормонот за раст и го забрзува метаболизмот.
Затоа е одличен диетален производ кој ќе им помогне на оние кои сакаат да ослабат да ја постигнат посакуваната цел. Ако сте решени да изгубите тежина, мора да користите говедски желатин секоја вечер непосредно пред спиење.
Со овој едноставен трик мастите на стомакот се топат за 2 недели
Треба да подготвите 1 лажица од овој прав со чаша вода или чај, да го оставите да се формира желатинозна маса и да го испиете. На овој начин, ќе создадете чувство на ситост и ќе му ги обезбедите на телото неопходните протеини кои ќе спречат ненадејни напади на глад во текот на ноќта.
Покрај тоа, ќе го регулирате варењето на храната и движењето на храната низ дебелото црево, така што ќе ги елиминирате токсините и вишокот вода од телото. Ако го повторувате овој третман секоја вечер половина месец, ќе изгубите до 7 килограми.
Имав вишок килограми од кои не можев да се ослободам со диети, бидејќи килограмите постојано се враќаа преку т.н. јо-јо ефект. Решив да започнам со фитнес вежби.
Инструкторот ме советуваше да консумирам говедски желатин затоа што ќе ми е потребен за зајакнување на коските, зглобовите и мускулите. Заедно со тренингот, го пиев овој напиток секој ден во комбинација со малку цеден портокал.
За половина месец бев ослабена 10 килограми. Можам да ви кажам дека сум презадоволна од резултатите, штета што не знаев порано за овој протеин. – Јелена, 28. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска