Болката во коленото може да настане порада најразлични причини. Болката може да потекнува директно од зглобот или од околните тетиви и мускули. Може да биде најизразена за време на движење, но кај некои болести се јавува при мирување.

Кај повеќето пациенти болката во коленото се јавува при движење односно кога се става притисок на болната нога. Болката која се јавува при мирување е сериозен симптом и потребно е веднаш да се посети лекар при каква било болка.

Болката може да биде пропратена со оток на зглобот, а при дегенеративни заболувања на коленото се јавуваат и крепитации (крцкање) при одење. Останати симптоми кои ја придружуваат болката во коленото се топлина и црвенило.

Пет начини како да си помогнете доколку имате болка во коленото

Краткотрајно мирување

Мирувањето е задолжително при болка која е настаната заради повреда во коленото. Краткотрајното мирување влијае на намалувањето на болката. Иако на пациентите им е полесно да го држат коленото во полусвиткана положба, овој начин на мирување е потребно да се избегнува бидејќи може да доведе до останати компликации како флексорна контрактура.

Ладење на коленото

При акутна болка во коленото, посебно болка настаната поради повреда, ладењето има изразено и ефикасно својство при намалување на болката. Важно е да избегнувате предолго изложување на лед бидејќи може да се намали циркулацијата и да се зголеми болката.

Советот на докторите е преку тенка памучна крпа да ставите мраз (или нешто друго од замрзнивач), да оставите да делува 10 – 15 минути, а постапката применувајте ја неколку пати во текот на денот.

Носете стабилизатори и стегачи за коленото

Стабилизатрите за колено од еластичен материјал овозможуват во намалување на болката при каква било активност.

Локална примена на антиинфламаторни лекови

На коленото масирајте со гел кој содржи диклофенак, етофенамат и други лекови. Гелот треба да го користите 2 – 3 пати на ден во тенок слој, а при мачкање треба да правите благи движења без дополнителен притисок.

Најчести причина за појава на болка во коленото

Гонартроза

Гонартрозата е многу честа дегенеративна болест на коленото. Болеста започнува подмолно без појава на симптоми, а со секоја напрегната физичка активност, состојбата станува полоша.

Во почетокот пациентите чувствуваат блага болка при физичко оптеретување. Болката се јавува периодично и многу пациенти наведуваат дека тегобите се појавувале и години наназад пред првата посета на лекар.

Типичен прв симптом е болка која се јавува при симнување по скали. Како што болеста напредува при одење, а во подоцна фаза болката се јавува и при лежење во постела.

Пателофеморална нестабилност

Оваа состојба наведува на предиспозиција на чашката во коленото при изместување од вообичаената положба. Пациентите се жалат дека го чувствуваат поместувањето на чашката при некоја активност, што е често пропратено со болка.

Лекувањето на оваа состојба се спроведува со имобилизација, а после тоа следи и физикална терапија. Ретко е неопходна и хируршка интервенција.

Скокачко колено

Скокачко колено се јавува поради хронично оштетување на тетивата која го придвижува зглобот на коленото. Оваа состојба најчесто се јавува кај спортисти. Болката се јавува при скокање или трчање.

Препателарен бурзитис

Препателарниот бурзитис е воспаление на слузната ќесичка која се наоѓа на предната страна на коленото. Оваа состојба се јавува поради некаква траума, таложење на кристализирани материи како калциум пирофосфат.

Имајќи во предвид дека оваа состојба се јавува кај луѓе кои постојано клечат, состојбата народски се нарекува и ”паркетарско колено.” Лечењето се спроведува најчесто во домашни услови и се заснова на одмор и локални аналгетици за намалување на болката.

Артритис

Коленото како и другите зглобови може да биде засегнато поради ревматоиден артритис или некој друг вид артритис. При оваа состојба, тегобите се најчесто многу изразени, а во коленото е присутна течност. Болеста се јавува нагло и брзо прогредира односно се влошува состојбата.

Повреда на коленото

Повредите на коленото најчесто настануваат во тек на некоја спортска/движечка активност, а најчесто настанува поради неправилно заземена положба на коленото. При оваа состојба настануваат повреди на менискусите и околните врски.

Бекерова циста

Бекеровата циста претставува празнина исполнета со синовијална течност и е локализирана на задната страна на коленото. Кај повозразните пациенти е придружена со гонартроза.

Доколку цистата е преголема, може да направи чувство на затегање како и болка во задната страна на коленото. Во некои случаи, цистата може да пукне, а течноста од неа да се излее во потколеницата. Оваа состојба потсетува на тромбоза на длабоките вени на потколеницата и најчесто се наведува како погрешна дијагноза.

Природни лекови за болка во колено

I Рецепт: За 10 дена ќе изчезнат болките во коленото, овој лек е вистинско чудо и нема друг лек толку лековит како овој

Со консумирање на оваа моќна мешавина, болките во коленото ќе исчезнат како и никогаш да ги немало. Потребни ви се само 3 состојки кои постојано ги имате во домот.

За 10 дена резултатите ќе бидат видливи. Оваа домашна облога брзо и ефикасно ги смирува воспалителните процеси кои предизвикуваат болка во коленото и другите зглобови.

Потребни состојки: 2 – 3 чешниња лук, сок од еден лимон, малку маслиново масло.

Постапка: Испасирајте ги чешњињата лук да добиете паста, а потоа измешајте со сокот од лимонот. Убаво соединете ја смесата, а доколку ви преостане од лекот искористете го наредниот ден. Лекот е потребно да се чува во фрижидер.

Добиената смеса ставете ја на газа и нанесете на болното место кое претходно ќе го премачкате со маслиново масло. Оставите лекот да делува половина час, а потоа измијте го коленото. За максимална ефикасност на лекот користете двапати дневно во период од 10 дена.

II Рецепт: Го ставила ова на коленото, а болката исчезнала како од шега

Камилицата има антивоспалително дејство и помага во лекување на болните зглобови при состојби на реума и артритис. Направете го овој лек кој нема да ве чини ни пет пари, а од резултатите ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки: 4 филтер ќесички чај од камилица, 250 мл врела зовриена вода.

Постапка: Во чаша ставете ги ќесичките чај од камилица, а потоа прелијте со претходно зовриената вода. Поклопете го чајот и оставете да отстои 20 минути. Потоа лекот нанесете го со газа на болното место. Менувајте ја газата по потреба.

III Рецепт: Лек за колено и други болни зглобови, го регенерира оштетеното ткиво и ја враќа еластичноста

Потребни состојки: 2 лажици желатин, 3 лажици суво грозје, 4 лажици сусам, 8 лажици ленено семе, 40 г непечени семки од тиква, 200 г органски мед.

Подготовка: Додајте ги сите состојки во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Консумирајте по една лажица, трипати на ден, пред оброците, на тој начин што мешавината од семиња ќе ја измешате во млака вода или јогурт.

За неколку седмици ќе ги почувствувате резултатите. Коските и зглобовите ќе ви бидат посилни од кога било, но и ќе се зајакне вашиот имунитет, а метаболизмот ќе се нормализира.

Меѓу другото, лененото семе изобилува со омега – 3 – масни киселини, кои се одлични за срцето и кр-вните садови, а семките од тиква за болести на простатата кај мажите. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска