Менопаузата е пресвртна точка во животот на секоја жена, а кога ќе се појави, повеќето од нив се наоѓаат во чудо, избезуменост и не се секогаш подготвени да се изборат со промените кои доаѓаат.
Истото и се случи на Јована, која започнала да ги забележува симптомите на менопауза на 48 години, а потоа целосно менструацијата и изостанала кога имала 52 години и официјално влегла во менопауза.
„Како девојче деновите кога доаѓаше менструацијата ми беа најтешките. Болки во стомакот, мозолчиња, грчеви и плачење секој месец, така што не можев да функционирам тие денови. Потоа се омажив, го добив првото дете и две години подоцна родив и второ дете. Мојот циклус стана редовен, траеше 3 до 5 дена и помалку ме болеше.
Ми се чини дека по породувањето сè се подобри, исто како што ми рече докторот кога бев помлада. Јас сум многу одговорна за моето здравје и редовно одам на гинеколог. Бидејќи многу време си посветувам на себеси сега кога децата се големи, не можев да не забележам некои промени.
Некаде околу 45-та година од животот, започнаа промените во времетраењето на циклусот. Менструацијата го смени времетраењето, но и изобилството. Кога имав околу 48 години, циклусот ми стана нередовен.
Понекогаш добивав на 21 ден, понекогаш на 28 и имаше денови кога циклусот доцнеше еден месец. Секој пат кога ќе добиев бев благодарна што сè уште добивам. Иронија на животот!
Знаев дека не сум бремена, а потоа се појавија други симптоми: често будење навечер, намалена желба за с екс, раздразливост и депресија. Честопати плачев без причина, а кога маж ми ќе ме прашаше што се случува, секогаш наоѓав причина за кавга.
Кога забележав на 51 година дека не сум добила трет месец по ред, отидов на гинеколог. Покрај сето тоа, гинекологот ми укажа дека кожата ми е во лоша состојба, влакната на косата станале потенки, а ноктите покршливи.
Дојдов дома во уште полоша психичка состојба отколку што заминав. Депресијата траеше со недели, бидејќи не можев да се помирам со фактот дека мојата тежина покажува 65 килограми, иако имав помалку од 60 килограми цел живот, дека веќе немаше фустан што ме собираше, брчките стануваа повидливи, а косата изгледаше грубо и нездраво.
Ќерка ми постојано ја гледаше мојата „мизерија“ и моето запуштање за својот изглед. Но, еден ден сè се промени. Ќерка ми ме однесе на шопинг и ме убеди да купам неколку нови работи кои преубаво ми стоеа. Го запознав моето ново тело и бев подготвена да му помогнам.
Тогаш сфатив дека можам да изгледам беспрекорно и да не се чувствувам остарено. Консумирав витамини соодветни и неопходни за моите години, почнав да користам креми кои се за моја возраст, но и производи за коса кои ја вратија во живот.
Сфатив дека сè може да се реши само ако имате волја. Тежината започна да паѓа во моментот кога престанав да јадам како да имам 25 години и кога на чинијата имаше повеќе свежо овошје и зеленчук. Вежбам двапати неделно и го шетам кучето неколку пати на ден. Засега оваа физичка активност ми е доволна.
Наместо да седам и да жалам за себе, решив да се посветам себеси и на семејството. Децата се веќе големи, но сопругот е оној кој сега е центарот на мојот свет. Организирам летни одмори и мали одмори за викендот секогаш кога е можно, одам на кафе со моите пријатели и сè уште се шминкам. Нема менопауза што може да биде посилна од вас, само ако сакате да ја нокаутирате и да и покажете заби“, рече Јована.
Еве што да јадете и како да вежбате после менопаузата: Само вака ќе одбегнете дебелеење после 50-та година:
Дали постојат начини кои можат да ни помогнат да останеме здрави и да ги задржиме килограмите и после 40-50-та година, и после менопаузата? Жените после 50-та година, а некои и порано, доживуваат шок, бидејќи сосем неочекувано, претходно виткото тело започнува да се прелева и да виси.
Поради ова жените на оваа возраст стануваат несигурни во себеси, анксиозни, депресивни, стравуваат дека ќе бидат напуштени од партнерот поради својот непривлечен изглед.
Проблемот со вишокот килограми во текот на менопаузата
Вишокот килограми во текот на менопаузата не е единствениот проблем на жените. Тука се солзите, врелите бранови, несоницата и силните главоболки. Притисокот почнува да скока, расположението нагло се менува, а од вас истовремено се бара да зрачите со ведрина и оптимизам, како што ве советуваат симпатичните и оперирани девојки од екраните.
Секако, современата медицина ниди куп лекови кои помагаат да не се почувствуваат последиците од менопаузата, но тие лекови мора да ги консумирате само по препорака од лекар. За да го одбегнете дебелеењето во текот и после менопаузата, прво и основно е да одите на преглед кај гинеколог и ендокринолог.
Честа причина за дебелеење во овој период е дисфункцијата на штитната жлезда
Освен стручна помош, жените после 50-та мора да водат сметка за тоа што јадат и како и колку се движат. Физичката активност е пресудна. Па дури и доколку не сте се бавеле со спорт претходно, сега ќе мора да имате физичка активност.
Медицински насоки за одржување на тежината во текот на менопауза
Направете план оброк и држете се според тој план. Помеѓу оброците нека има растојание најмалку 3 часа. Од исхраната исфрлете го свинското месо, масното месо, маст, млечни производи, слатки и леб. Дневно направете од 8 до 10 000 чекори.
Не грицкајте ништо помеѓу оброците. Ако чувствувате глад, испијте чаша вода или изедете свеж морков или јаболко. Контролирајте ги порциите. Една порција треба да има најмногу 250 г храна. Заборавете на соковите со шеќер. Пијте само вода.
За да не се прејадувате, водете сметка како јадете и добро џвакајте ја храната. Кога јадете не гледајте телевизија или во телефонот. Вашата исхрана треба да се состои од растителна храна. Свеж зеленчук и овошје, до 500 г дневно.
Вашите пијалаци треба да бидат исклучиво чиста вода. Никако кафе, компот или вино. Билните чаеви се исто така неопходни. Обидете се што повеќе да се движите. Ако досега не сте вежбале, сега треба да се запишете на некоја физичка активност која најмногу ќе ви одговара. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска