Лекарите тврдат дека науката е на пат да ја излекува алергијата на кикирики хранејќи ги децата со она што телото им го одбива и на тој начин, градејќи толеранција која може да им го спаси животот.
Во ова научно истражување користени се мали дози прав од кикирики кои им ги давале на пациенти алергични на истите, во текот на неколку месеци, за да се создаде толеранција на потенцијално смртоносната алергија.
После 6 месеци од третманот со имунотерапија, 84-91% од децата успешно можеле да ја толерираат дневната доза (800 мг) прав од кикирики, што е еквивалент за 5 кикирики.
Ова е 25 пати поголема количина од онаа која децата можеа да ја толерираат пред терапијата и многу поголема од некои случајни на кои реагираа.
„Истражувањето им овозможи на децата со различни типови на алергија да јадат големи количества кикирики, ослободувајќи ги нив и нивните родители од стравот за потенцијалната смртоносна алергиска реакција“ – вели водителот на студијата Ендрју Кларк од Универзитетот Кембриџ.
Истражувањето опфатило 99 алергични деца од седма до 16 годишна возраст. Едно од 5 деца реагирало на имунотерапијата со чешање на устата, велат авторите.
Важно е да се знае дека ваквиот третман никако не смее да се испробува во домашни услови на своја рака.
Алергијата на кикирики е доста честа и ја има секое 15 дете. Може да биде фатална и да предизвика смрт. Близу 10 милиони луѓе во светот се алергични на кикирики.
Симптомите варираат од благи до тешки, од потечени усни и недостиг на здив до анафилактичен шок.