– Ако се двоумите дали да јадете- тогаш одлучете се да не јадете! Ако се прашувате дали да одите во WC- одете!
Генадиј Петрович Малахов е познат руски исцелител и писател на книги од областа на народната-традиционална медицина, кој живее и работи во Каменск. До сега објавил повеќе од 60 книги кои се продавани во преку 30 милиони примероци и преведени на повеќе странски јазици.
Малахов тврди дека само здравјето (физичко, психичко и духовно) може да доведе до вистинска среќа, а ова се неговите 11 корисни совети кои можат да ни помогнат во јакнењето на здравјето и продолжување на животот.
1.Никогаш немојте да бидете мрзоволни. Одвојте барем 15 минути за јога и вежби за стомакот. Само секојдневното вежбање може да ви осигура здравје и долг живот. Само 15 минути дневно, ќе ве спаси од лекови и други помагала. „Ако нема здравје“, вели Малахов, „нема успех, мир и среќа“.
Бидете спокојни и радосни додека вежбате. Тоа ќе ви подари здравје, убавина и долг живот.
2.Нема вежбање-нема храна! Тоа треба да ви стане животно мото!
3.Стимулансите како што се чај, кафе, цигари, лаксативи – опасни се во било кој облик.
4.Не јадете навечер и не спијте преку ден. Тоа предизвикува опстипација.
5.Ако се двоумите дали да јадете- тогаш одлучете се да не јадете! Ако се прашувате дали да одите во WC- одете!
Тоа е златниот клуч за здравје, среќа и долг живот. Создадете навика за навремено да одговарате на повикот од природата.
6.Јадете полека и не пијте вода за време на оброкот. Жедта мора да ја изгасите дури еден час после јадењето, а најдобро е да се напиете пред јадење.
7.Секој залак џвакајте го 32 пати за да осигурате здравје за своите заби и редовно празнење на цревата.
8.Не јадете пржена, пресварена, застојана, врела и студена храна.
9.Јадете само тогаш кога сте спокојни, ослободени од тешки мисли. Никогаш не консумирајте храна или напитоци кога сте лути и во неуреден простор.
10.После јадење, полека движете се напред-назад, истовремено масирајќи го стомакот со рака. Така ќе си овозможите добра дигестија и правилна работа на цревата.
11.Особено водете сметка за духовното здравје и спокој затоа што тоа е многу поважно за долг, здрав и среќен живот, од храната.
Ова е рецепт за добра дигестија:
1.Добро измешајте по 100 г путер, мед, какао во прав и две лажици свежо исцеден сок од алое.
2.Смесата ставете ја во фрижидер да отстои додека да се стегне.
3.Измесете од смесата ролат, и секој ден пред јадење, отсечете по едно парче со величина на едно лажиче и изедете го.
Коментар на Малахов: „Ова е делотворен рецепт. Од една страна алоето го стимулира лачењето на желудечните сокови и ја поттикнува дигестијата, а од друга страна путерот и какаото ја штитат слузокожата на желудникот.