Ако ги сакате ваквите обланди, тогаш пробајте ја и оваа верзија на Мара Јелавиќ. „Јас вака ги правам, малку е поразличен рецепт од бабиниот, модифициран е, но вкусот му е предобар“, вели таа.
Под нејзиниот рецепт можете да го прочитате и стариот бабин рецепт за приготвување на карамелот. А под него и трет рецепт. Сите рецепти се слични, но се разликуваат во нијанси.
Потребни состојки:
1,2 литар млеко, 700 г шеќер, 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви, 125 г путер/маргарин и 1 пакување обланди.
Постапка:
Млекото и шеќерот се ставаат на оган да се варат на умерен оган околу 1,5 час. Пред крајот од готвењето се додаваат 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви измешани заедно.
Сето тоа уште малку се вари, па се трга од оган и се додава половина коцка маргарин да се растопи во кремот и соедини.
Со млак фил се премачкуваат обландите. „Мене ми беше доволно фил за едно пакување обланди, па додадов уште еден лист за да го потрошам целиот фил”, вели Мара.
Стар рецепт за карамел обланди
Потребни состојки:
2 литри млеко, 1 кг шеќер, 100 г путер/маргарин и 5 листови обланди.
Постапка:
Млекото со шеќерот ги ставате да провријат на оган (на јачина 5), а потоа се намалува на тивко до умерено (на јачина 2 или 1), за да не испари нагло течноста.
Се готви подолго време и повремено се промешува додека да стане густо и да ја промени бојата во карамел. Некаде пред крајот се додава путерот и се промешува за да се изедначи. Се филуваат пет листови обланда со изладен фил.
Потребни состојки:
1 пакување обланди, 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 1,5 литар млеко, 1 кг шеќер, 375 г маргарин/путер и 150 г мелена плазма.
Постапка:
Брашното и 200 г шеќер полека запржете ги (како за карамел). Кога убаво ќе се соедини додајте го млекото и варете додека шеќерот да се растопи.
Потоа додајте го преостанатиот шеќер и варете на тивок оган додека да згусне, нешто погусто од смесата за палачинки.
Додајте путер и варете уште малку додека тој целосно да се растопи. Додајте ги мелените кекси. Обландата филувајте ја додека смесата е топла. Притиснете го последниот лист обланда со нешто тешко и оставете да се олади и стегне.