Ги опоравуваат белите дробови во најкраток рок!
Упорната и долготрајната кашлица може да биде многу исцрпувачка и да го ослабе организамот. Ви откриваме седум природни препарати од народната медицина кои помагаат да се излекуваат белите дробови на потполно природен начин.
Повремената кашлица го олеснува нормалното дишење, бидејќи на тој начин обезбедува проодност на дишните патишта.
Меѓутоа, кашлицата може да биде иритирачка и заморувачка, многу упорна, па на тој начин може да ве спречува во одвивањето на секојдневните обврски, а што е најважно, го пореметува нормалното спиење.
Ако кашлицата е проследена со густ секрет, тогаш станува збор за продуктивна кашлица, а доколку нема секреција, тогаш кашлицата е сува. Кашлицата најчесто е последица од инфекција на горните дишни патишта, како што грип, настинка или воспаление на синуси.
Потешка кашлица може да укажува на оштетување на белите дробови покрај инфекцијата, како што е воспаление на бели дробови и акутен бронхитис.
Кај астма доаѓа до стеснување и воспаление на дишните патишта во белите дробови, што предизвикува кашлицата да се засили навечер или после физичка активност. До оштетување на белите дробови доаѓа и после долготрајно пушење, кое предизвикува карактеристична пушачка кашлица.
Ви ги претставуваме седумте народни лекови кои испробано се успешни во разградување на секрецијата од дишните патишта, но и во смирување на сувата и надразнувачка кашлица.
РЕЦЕПТ 1 – Една лажица питом босилек се прелива со 300 мл врела вода и се остава поклопено 10 минути. После тоа се процедува и се засладува со 1 лажица мед. Се пие трипати дневно, по една шолја пред јадење. Терапијата трае се до оздравување. РЕЦЕПТ 2 – 800 г мед, 200 мл ракија домашна и 800 г свеж несолен путер. Убаво се промешува (најпрво медот и омекнатиот путер, потоа со млаката ракија). Се консумира секое утро на гладно, по 2 лажици, во текот на 30 дена.
РЕЦЕПТ 3 – Се зема 150 г овошен сок свежо исцеден, 150 г сируп од бозел (од плодот) и 150 мл липов чај. Заедно се мешаат и се ставаат на оган на еден “клуч”. Потоа се додава една лажица мед. Се пие топло повеќепати дневно по една шолјичка. РЕЦЕПТ 4 – Три лажици лист од тимијан се прелива со половина литар врела вода, се поклопува па два часа после тоа се остава да излади. Се процедува, се засладува со мед и се пие на секои 2 часа по една лажица.
РЕЦЕПТ 5 – По 20 г лист од тегавец (женски), бел слез (цвет), подбел (лист) и коморач. Сите состојки може да се најдат во билна аптека. Од ова се земаат 3 лажици и се прелива со половина литар врела вода, се поклопува, па после 3 часа се процедува, се засладува со мед и се пие на секои 2 часа по 1 лажица.
РЕЦЕПТ 6 – По 25 г анасон, коморач, сладок корен и мајоран. Се зема 1 лажица од мешавината, се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува, па после 2 часа се процедува и се пие после јадење.
РЕЦЕПТ 7 – Се зема по 20 г тегавец (лист од машки, долгнавест лист), бел слез (цвет), подбел (цвет и лист) и коморач. Три лажици од оваа мешавина се прелива со половина литар врела вода, се остава поклопено 3 часа, се процедува, се засладува и се пие по една лажица на секои 2 часа.