Овој чај помага белите дробови да се исчистат за само неколку дена – го пијат и болни, но и здрави за превенција

Многу популарен рецепт за народен лек кој сите го споделуваат деновиве – Чај за чистење на белите дробови од густ секрет и превенција од kopoна.

Овој чај се приготвува од состојки кои веќе ги имате во кујната, се пие во текот на целиот ден и ги чисти белите дробови за само неколку денови. За оние кои веќе имаат позитивен тест, но и за сите други, како превенција.

РЕЦЕПТ

Три главици црвен кромид (исчистени од корењата и отстранета само најгорната лушпа, значи заедно со лушпата, пресечени главиците на четвртинки) се варат во 2 литри вода додека половина течност да испари. Треба да остане приближно 1 литар течност.

Течноста се процедува, а во неа се става една лажичка куркума во прав, една лажичка рендан ѓумбир или половина лажичка сув ѓумбир во прав, половина лажичка мелен црн пипер и една супена лажица ленено масло, а ако немате такво може маслиново масло (ладно цедено, квалитетно).

Убаво се протресува (во термос или шише) и треба да се испие целото во текот на денот. Чистењето од густиот секрет може да биде преку изметот, но може да се исфрла и преку искашлување. Во продолжение прочитајте и некои други рецепти од народната медицина кои можат да помогнат:

Комбинацијата од мед и кромид одамна е позната како исклучително ефикасен природен лек за кашлица. Предноста на овие природни состојки е тоа што можете да ги набавите во секој период од годината, а многу веројатно веќе ги имате дома, во вашата кујна.

Исто така, кога приготвувате препарати од овие состојки, знаете што точно сте користеле за разлика од купечките состојки и некои други производи кои честопати содржат конзерванси, вештачки бои и мириси.

Потребни состојки: 1 главица кромид и 2-3 лажици природен мед.

Постапка: Одберете убава главица кромид со средна величина. Излупете го и исечкајте го. Ставете го во подлабока чинија и прелијте го со мед.

Вака исечканиот кромид прелиен со мед поклопете го со капак, или уште подобро со фолија и оставете го на собна температура да преноќи. Следниот ден смесата процедете ја низ густа газа или цедалка. Тоа е доза за еден ден.

Консумирање: по една лажица од сирупот на секои два часа, а може и почесто. Сигурно за кратко време ќе почувствувате дека полесно дишете и набрзо ќе започнете да искашлувате.

МЕД, КРОМИД И ЛИМОН: Доколку барате некој природен лек за искашлување за деца, пробајте ја оваа комбинација која се покажала како многу делотворна.

Исечете 250 г свеж кромид и ставете го во сад од нерѓосувачки челик, никако од алуминиум. Додадете околу 125 г мед, да се прекрие кромидот, па ставете на тивок оган. Кога медот ќе стане течен, намалете ја уште малку температурата, па лесно да се подгрева за да можат состојките од кромидот да се соединат со медот.

Загревајте поклопено за да не испарат лековитите состојки, туку да останат во сирупот. На секои неколку минути тргнете го садот од оган, брзо промешајте за да не загори, па вратете назад.

Процедете го кромидот, складирајте во стаклен сад и чувајте во фрижидер. Додека е млак сирупот во него додадете лажица сок од лимон. Сирупот консумирајте го онолку често колку што е потребно, но не почесто од секои половина час.

За деца до 10 години: 1 лажичка, за постари од 10 години дозата е 1 супена лажица.

Совет: По желба во сирупот пред да го загреете може да додадете и лажичка сечкан лук, а може и во прав, за олеснување на болки. Потоа 1 до 2 лажици брест, сув или во прав, кој го смирува воспаленото и болно грло, 1 до 2 лажици свежо исечкан ѓумбир кој ја подобрува циркулацијата и целокупното дејство на сирупот и 1 до 2 лажици корен од бел слез кој го смирува иритираното грло и кашлицата.

Внимавајте вкупната количина на овие додатоци да не биде поголема од 2 лажици вкупно.

Претходна статијаЖени, не треба да се срамите, ама и овие работи не треба да ги правите – Гинекологот искрено порачува
Следна статијаСедумте величенствени: Моќни народни лекови кои ја смируваат кашлицата, ве ослободуваат од секретот