Диетата од 9 дена на Маргарита Королева стана многу популарна, поради брзината со која се согоруваат вишокот килограми, но и поради одличните совети со чија помош тие повеќе никогаш не се враќаат.

Нутриционистката Маргарита на многу познати личности им помогнала конечно да си ја доведат својата линија во ред. Маргарита Королева има развиено техника за слабеење која на голем број ѕвезди од шоу бизнисот им помогнала да ослабат.

Деветодневната диета на Маргарита е една од најпопуларните и најефикасните методи за слабеење. Во основа, тоа е синџир од три моно-диети кои меѓусебно се следат.

Веднаш да ве предупредиме: На оние кои навикнале да уживаат во слатки и ќебапчиња, нема да им биде лесно. Но за оние поприлагодливите, ефектот им е загарантиран – може да се ослабат дури и до 10 килограми!

Препорачана повторливост: Диетата е доста строга, па затоа може да се применува најмногу еднаш во шест месеци, додека планот со оризовата диета може да се користи во деновите за пост.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕФЕКТИ: се чистат цревата, лесно се преминува на правилна исхрана по завршетокот на диетата.

ГЛАВНИ ПРАВИЛА: јадете храна во мали обраци, не се прејадувајте! Јадете почесто, по малку, без правење на долги периоди изгладнување. Важно е да се одржува рамнотежата на водата во текот на диетата – да се пијат 2,5 литри вода дневно. Водата мора да се пие половина час пред оброк или еден час после оброк.

Последниот оброк би требало да биде околу 7 часот навечер, а после тоа може да пиете само вода. Диетата е променлива, но некои намирници и пијалаци се строго забранети, а тоа се: алкохолни, газирани и слатки пијалаци, сол, зачини, па дури и природни.

За приготвување на храната се користат најздрави методи на преработка: варење на пареа, динстање, печење. Прејадувањето е строго забрането! Диетата е дизајнирана за луѓе со активен животен стил.

Диетата на Маргарита Королева се заснова на “три сета” – ориз, пилешко и зеленчук. Првите два производи се богати со главните макронутриенти – јаглени хидрати и протеини, а зеленчукот, благодарение на влакната кои ги содржи, помага во обезбедување на конечниот “прочистувачки удар” – ги ослободуваат цревата од сите токсини.

ПРВИ ТРИ ДЕНА-ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ

Првите три дена оброкот се состои од ориз варен на посебен начин. Во овој случај треба да се јаде само златен или бел ориз со долгнавесто зрно – басмати. Еве како треба да го приготвите:

Натопете 250 г ориз во ладна вода и оставете го така преку цела ноќ. Следното утро неколкупати исперете го, додадете вода во однос 1:2 и ставете да се вари 15 минути без додавање на сол. Добиената количина ориз поделете ја на 6 порции, значи шест оброци, а последниот оброк треба да биде најдоцна до 19 часот.

Во текот на денот дозволено е да се изедат три лажички мед (само не заедно со оризот!). Треба да се испијат 2,5 литри вода, ни помалку ни повеќе. Може да пиете зелен чај, со што ќе го стимулирате чистењето и губитокот на килограмите.

ВТОРИОТ СЕТ ОД ТРИ ДЕНА-ПИЛЕШКИ ДЕНОВИ

Оризот брзо ќе ви здодее, но втората фаза од диетата – пилешката – доаѓа доста брзо. Познато е дека белото месо е ризница на лесно сварливи протеини и сите есенцијални аминокиселини, витамини и минерали.

Диетата за цел ден е: пилешко месо 1,200 г, сварено на пареа. Сè е според принципот на првата фаза: се делат 6 оброци и се јадат во текот на денот, а последниот не смее да биде подоцна од 19 часот. Не заборавајте на рамнотежата на водата – 2,5 литри, но овие три дена повеќе не смеете да консумирате мед.

ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА-ДЕНОВИ НА ЗЕЛЕНЧУК

Третата фаза од диетата има посебна улога во завршната фаза. Три дена на некој зеленчук. Во текот на овие три дена телото ќе се наполни со влакна, а телото ќе се исчисти од токсини. Правилата се исти: забранета е сол, зачини, кисели краставички, кисел зеленчук.

Секој си одбира зеленчук по свој вкус, може да одберете било кој, освен компир. Земете 800 г зеленчук дневно, а оваа количина поделете ја на 6 оброци – за вас веќе позната шема. Сега повторно можете да користите три лажички мед. Сега се пие 2 литри вода и зелен чај (количина по ваша желба).

ДИЕТАТА НЕ Е ПОГОДНА ЗА: трудници, доилки, анемични, под 18 години. Пред започнување на диетата, треба да се консултирате со вашиот лекар, особено доколку пиете некои лекови.

КАКО ДА СЕ СОЧУВА ИЗГЛЕДОТ ПОСЛЕ ДИЕТАТА

Ако веднаш после диетата навалите на масна храна и благо, тешко дека ќе го сочувате новиот изглед. Правилата кои треба да важат за после оваа диета се: додадете во исхраната повеќе зеленчук, овошје и немасно месо во исхраната. Сочувајте го принципот на фракциона исхрана (помали оброци, а почести).

Забрането: брза храна, кисела и димена храна, слатки и грицки.

Точниот режим на пиење вода се продолжува: диетата е готова, но телесните потреби за вода не се променети. Бидете физички активни и поминувајте повеќе време на свеж воздух. Овозможете му на телото правилен одмор, доволно спијте, не се изложувајте на физички преоптеретувања. Периодот после диетата е поопасен отколку деновите пред диетата.

Забраните стануваат многу построги, постои ризик да се опуштите, да изгубите контрола над себеси, и да ги поништите плодовите од својот напор. Бидете внимателни кон сенеси, понекогаш и строги, па многу брзо правилната исхрана и активноста ќе ви станат навика.