Следете го неговиот пример и ќе доживеете старост каква секој посакува: витални и здрави.
Вил Браун доживеал длабока старост, а во текот на својот долг животен век ниеднаш не бил на лекар, бидејќи немал ни потреба.
Тој бил убеден дека за неговото совршено здравје е дговорен само еден напиток со кој го започнувал секое утро.
Станува збор за сурутка, напиток за кој повеќепати сме пишувале и говореле, а во кој се колнел и самиот Хипократ.
Сурутката е течност која се добива од кравјо млеко при подготовка на сирење. Многу е богата со минерали, витамини, аминокиселини, протеини и други соединенија кои се здрави за нашиот организам.
Бидејќи станува збор за течност, знаеме дека таа многу брзо се дигестира и хранливите материи стигаат многу брзо до сите органи, па на тој начин се надополнуваат многу недостатоци во нашиот организам. Поради ниската рН вредност, преносот до органите е многу брз и ефикасен.
Во еден литар сурутка се содржат само 360 калории, што е двојно помалку од калориите во еден литар свежо млеко. Покрај наведеното, сурутката во себе содржи и белковини, па брзо дава чувство на ситост. Од тие причини одлично е да се воведе во режими за слабеење.
Сурутката има диуретско својство, што значи дека брзо ќе ја поттикне дигестијата и ќе го реши непријатниот проблем со запекот и подуеноста. Само не претерувајте со оваа намирница, бидејќи може да предизвика дијареа. Препорачана доза е до 1 литар дневно.
Минералите кои ги пронаоѓаме во сурутката го одржуваат тонусот на клетките, спречуваат висок крвен притисок, мозочен удар и инфаркт. Протеините пак, од друга страна, спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, спречуваат појава на забен камен, ја зголемуваат мускулната маса, го јакнат имунитетот, го намалуваат стресот и она што е најважно – го регулираат црниот дроб.
Имено, сурутката е позната по тоа што има моќ да излекува и цироза на црн дроб и други тешки болести. Како најлесна за апсорпција се препорачува свежата козја сурутка.