Ја немало три дена, а потоа за големо изненадување се вратила кај сопствениците, но со закачена сметка на вратот.

За разлика од кучињата, мачките ретко се шетаат се шетаат на подводник, бидејќи тоа едноставно не им прилега на карактерот.

Тие сакаат слободно да се шетаат и самостојно да ги истражуваат новите места во околината. Најчесто знаат да се вратат дома откако ќе им заврши љубопитството, нагонот или кога многу ќе огладнат.

При враќањето тие знаат да донесат некој “подарок” во вид на уловено животинче, најчесто глувче, а неретко и змија. Ова се толкува како знак за благодарност кон сопственикот за укажаната гостопримливост. Но, оваа мачка се вратила со нешто друго…

Неодамна се случи многу интересен настан кој беше споделуван на сите социјални мрежи, а кој се однесува токму на една палава мачка.

Имено, сопственикот на домашно милениче од Тајван забележал дека неговата мачка е исчезната, а по три дена се вратила со интересно изненадување. Таа на вратот имала закачаено картонче на кое пишувало:

“Твојата мачка втренчено гледаше во рибите од мојата продавница, па јас и дадов три риби.” Во пораката биле вклучени телефонскиот број и адресата на продавницата од тетка Меј, за да може сопственикот да ја контактира, за да си го плати долгот.

Што мислите, дали мачката се покајала за она што го сторила? Ни најмалку! : – )