Исхраната во овој случај е најдобриот лек!
Присуството на паразити во цревата е нешто што е речиси невозможно веднаш да се забележи, а состојбата може да премине во многу загрижувачка.
Веројатно сите во одреден период од животот, а особено во детството, сме имале паразити, а за тоа воопшто да не сме биле свесни, бидејќи постојат намирници со кои многу брзо се исфрлаат.
Кај голем број народи постои традиција за јадење на лути пиперки, а освен што изобилуваат со корисни состојки, лутото има способност да ги исфрла несаканите паразити од нашите црева. Еве кои 4 намирници најчесто се користат за чистење од паразити.
1.МОРКОВИ
Изедете два варени моркови (или печени) на празен стомак. Освен што ќе ги исфрлите паразитите, морковот ќе ви помогне и да го подобрите видот.
2.СОК ОД СВЕЖ ЗЕЛЕНЧУК
Пиењето на свеж сок од зеленчук има бројни бенефити за човековото здравје, а еден од нив е и чистењето на цревата од паразити и токсини. Пијте сок од морков, целер, спанаќ и краставица и брзо ќе го решите овој проблем. Не заборавајте претходно добро да го измиете зеленчукот.
3.МАСЛИНОВО МАСЛО
Ова масло практично е лубрикант за вашиот систем за варење и може да ги исфрли паразитите во неверојатно краток период. Најдобро е да се измеша со лист од оригано, да се процеди и да се пие оваа мешавина двапати дневно. Може да се додаде и малку мед. Овој метод ќе ги исчисти цревата од паразити и ќе ја подобри функцијата на системот за варење.
4.ЛУК
Станува збор за моќен аналгетик, антибиотик и антиоксиданс кој може да ги убие цревните паразити и генерално да ви го подобри здравјето. Најдобро е неколку чешниња лук да се измешаат со сусамово масло, да се провари на тивко или на водена бања и да се консумира двапати дневно.