Лушпите од јајца се најдобриот извор на калциум. Телото лесно го апсорбира во тој облик затоа пто според хемискиот состав е речиси идентичен со човековите коски и заби.
Заборавете на таблетните суплементи и прифатете ја природната алтернатива во облик на лушпа од јајца. Секако дека е најидеално јајцата да бидат домашни. Освен калциум, лушпите од јајца содржат и елементи во трагови: железо, бакар, манган, цинк, флоур, фосфор, хром…
Целото јајце од лушпата па сè до жолчката е природен еликсир и лек. Неодамна едно американско истражување открило дека лушпата од јајца содржи протеини кои се есенцијални за одржување на ‘рскавицата на зглобовите.
Секојдневниот внес на мали количини мелена лушпа од јајце брзо го решава проблемот со болните зглобови и вкочанетоста како последица на артроза. Ефектот се покажал дури и поефикасен од стандардните лекови за оваа група болести.
Зглобовите не можете да ги подмладите, но со овој третман значително ќе ја отстранете болката и вкочанетоста.
ПРИГОТВУВАЊЕ НА ЛУШПИ ОД ЈАЈЦА
Лушпите од јајца измијте ги добро и исушете ги. Ставете ги во рерна на 100 степени или малку издробете ги и пропржете ги на сува тава. Кога ќе се оладат, сомелете ги во блендер додека да добиете прав. Потоа правот просејте го низ цедалка. Се зема еднаш дневно, најдобро наутро, на гладно.
За возрасни: ½ до 1 мала лажичка (деца само прстофат). Правот се консумира со малку вода, чај, а одличен додаток е лимоновиот сок кој поттикнува апсорпција на калциумот.
Оваа терапија се спроведува еден месец, а најмногу 2 пати годишно. Одлично делува кај следниве состојби: алергија, слабокрвност, чистење на крвта и ошто за јакнење на организмот.