Третиот бран од корона вирусот се чини дека е најостар од претходните два. Бројот на заразени е се поголем и расте и од ден на ден, а експертите предупредуваат дека во овој миг е најважно да се придржуваме на мерките за заштита.

Прочуената докторка Ана Глигиќ истакнува дека покрај пропишаните мерки, важно е да се проветруваат просториите, бидејќи на тој начин се успорува ширењето на вирусот.

Носењето маска во затворен простор, одржување дистанца, одбегнување да се допираат очите, носот и устата со раце и што почесто перење на рацете се подразбираат, а д-р Ана Глигиќ, вирусолог, открива уште нешто кое секој треба да го направи штом ќе се разбуди.

Новиот корона вирус се пренесува на сите можни начини – преку контакт, преку капки, преку респираторен пат, преку воздухот, само уште не е докажано дека може да се пренесе преку храната која ја јадеме.

Затоа им советувам на сите, покрај добро познатите мерки за заштита, секојдневно да ги проветруваат просториите во станот, особено рано наутро, штом се разбудат – вели д-р Глигиќ.

Навечер честичките на лебдечкиот вирус паѓаат на подот, а наутро со нашето движење ние повторно ги подигнуваме и тие повторно се во воздухот.

Бидејќи новиот корона вирус долго се одржува во надворешна средина, докажано е и по 16 часа, а некои тврдат и подолго, па така наутро тој сè уште е жив, па штом доспее до слузокожата на носот тој започнува да се размножува во влажната средина.

Исто така, препорачувам сите површини во станот кои често ги допираме редовно да се чистат со средство за дезинфекција – вели д-р Ана Глигиќ.

“Има простор за оптимизам, но јасно е дека овој вирус сите нè измами, бидејќи покажа особини кои ги немаат другите познати природни вируси. Нашата судбина е во нашите раце” – заклучува таа.