Овој природен лек честопати го препорачуваат и здравствените работници за помош на пациентите со висок холестерол. Што е зголемена концентрација на холестерол во крвта?

За здрави лица, во чие семејство нема срцеви заболувања, нивото на вкупниот холестерол во крвта не би требало да е поголем од 5.2 mmol/l , при што ХДЛ да е поголем од 1 mmol/l , а ЛДЛ да е помал од 3 mmol/l.

Секое зголемено ниво на холестерол над овие референтни вредности (посебно на ЛДЛ холестеролот) ја зголемува опасноста од срцеви заболувања.
Доколку барате здрав начин како да го намалите нивото на холестеролот и да го елиминирате вишокот на маснотии, овој напиток е вистинско решение за вас.

Потребни состојки: 1 литри минерална вода, 2 китки магдонос, 3 лимони и сода бикарбона. Постапка: Измијте го лимонот и истријте го сода бикарбона. Исплакнете го и исечкајте го ситно заедно со кората. Магдоносот измијте го и исцедете го, па исечете го ситно. Во голема тегла или бокал ставете ги сите состојки заедно и прелијте со водата.

Затворете и чувајте во фрижидер преку цела ноќ. Наутро протресете ја смесата и напијте се 100 мл (загрејте ја течноста да биде млака или на собна температура). Пијте секојдневно додека да го потрошите целиот напиток. Што е холестерол и како се поврзува со атеросклерозата?

Холестеролот е стероидно соединение кое настанува со разградувањето на мастите. Бидејќи холестеролот учествува во создавањето на жолчната киселина, на половите хормони и на хормонот на надбубрежната жлезда, тој е од есенцијално значење за нормално функционирање на организмот.

Холестеролот се разнесува во крвта носен од протеините (белковините) во плазмата, градејќи комплекс наречен липопротеин. Постојат два типа на липопротеини: липопротеини со мала густина т.н. „лош“ холестерол (ЛДЛ), кои во себе носат голема концентрација на холестерол и „добар“ холестерол (ХДЛ) – липопротеини што носат мала концентрација на холестерол.

ЛДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава во нив атероматозни наслаги (плаки) кои предизвикуваат стеснување на луменот на крвните садови и со тоа доведуваат до срцеви,мозочни и други заболувања.

ХДЛ пак, ја создава еластичноста на крвните садови и неговиот недостаток во организмот ги прави крвните садови крути и нееластични. Скоро 2/3 од холестеролот се синтетизира во црниот дроб (800 -900 милиграми), а само 1/3 се внесува со храната.

Атеросклерозата е процес на таложење на мастите во внатрешниот sид на големите и средни артерии. Во почетокот тоа се ситни кристали на холестерол, кои постепено создаваат наслаги (плаки), кои го стеснуваат луменот накрвниот сад.

Потоа следува фиброзирање и стврднување на sидот на крвните садови. Со тоа крвните садови се подложни на прскање. Овие промени на внатрешноста на крвниот сад доведуваат до згрутчување на крвта или доведуваат до појава позната како тромбоза.

Причини за атеросклероза има повеќе, а најчеста е зголемена концентрација на холестерол во облик на липопротеин со мала густина (ЛДЛ). Факторите, кои водат до зголемен ризик за развој на атеросклероза се делат во две групи:

Модифицирачки фактори- тoa се пушењето, физичка активност, начинот на исхрана и др. Немодифицирачки фактори- полот, возраста, генетски фактори. Останати фактори- дијабетес ( шеќерна болест), дебелината, зголемени нивоа на ЛДЛ, хомосцистеин, триглицериди, урична киселина и други супстанци во крвта, хипертиреоидизам и други состојби.