Познатата глумица Амина Беговиќ е доста популарна на социјалните мрежи со своите совети за природно лекување. Имено, таа во текот на животот имала бројни здравствени проблеми, сè додека не ја открила лековитата комбинација од мед и кантарион:
“На медот и кантарионот им благодарам за здравјето и виталноста” – честопати таа изјавуваа за медиумите.
Медино – билниот препарат кој го користам веќе со години, е многу евтин и многу лесно се приготвува. Треба да го има секое домаќинство.
Неважно дали имате проблем со кожа, изгореници, брчки, дискус хернија, стомачни тегоби. Секоја болест може да биде извлечена на површината и да се отстрани – тврди глумицата Амина Беговиќ.
Уште за време на студентските денови, додека студирала глума во класот на Емир Кустурица, таа на еден од часовите по јавање паднала од коњот и го повредила ‘рбетот. Така се здобила со дискус хернија. И било кажано дека лек за ова нема.
И лекарите, но и луѓето околу мене ми тврдеа дека цел живот ќе имам здравствени проблеми. Не заборавија да ми го нагласат фактот дека лек за ова нема.
Па можеби официјалната медицина нема лек, но јас со еден збир од комплементарни методи успеав своето здравје и живот да ги доведам до совршенство.
Пешачење, јога, мед и кантарионово масло кое сама си го приготвувам, не само што ме спасија од болките, туку и ми ја регенерираа ‘рскавицата.
Овој природен препарат не бара премногу време, ниту некакви посебни услови за да се приготви. Многу е едноставен. Нема тука некоја посебна филозофија, едноставно си купувам кантарион од улични продавачи.
Можам и сама да ја наберам, ама “севап” е и тие нешто да заработат. Кога билката ќе се исуши на провев и ќе добие убава црвена боја, тогаш ја киселам во тегла со маслиново масло 40 денови, по можност на сончево место. После тоа се процедува и користи.
А ако се помеша со мед, ова масло е одлично за детокс на целокупниот организам. Јас користам главно багремов мед, малку го загревам на многу ниска температура колку за да стане течен, па потоа го мешам со кантарионовото масло (1:1).
Смесата добро се промешува и спремна е за употреба, наутро и навечер по една лажица. Само маслиновото масло е здраво како и кантарионот, а добиениот екстракт е нешто величествено, како за здравјето така и во козметиката.
Овој домашен препарат, покрај тоа што го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата, го отстранува уморот, несоницата, желудечните проблеми и стомачните тегоби.
Овој рецепт го негувам со години и благодарение на него сум здрава и витална.
Веќе со години не посетувам лекари, немам потреба.