Треба да се води грижа за она што се јаде и на кој начин се јаде за да се одбегнат стомачните проблеми како што е ждригавица, подуеност и чувство на “тежина” во желудникот.
Кога бев млад јадев масно, печено, пржено… Сè што не треба. Не помина многу време, а желудникот почна да ми реагира на речиси секоја храна.
После оброк чувствував терет во стомакот, а киселина во грлото. Лековите од аптека не ми помагаа.
Соседот ме советуваше да пијам чај од камилица пред јадење, за да ја спречам ждригавицата, а потоа и самиот започнав да се распрашувам за народни лекови и така дојдов до овој лек кој навистина многу помага кај проблеми со желудникот.
Потребни состојки:
250 мл зовриена вода
1 чајна лажичка сув цвет од камилица
½ лажичка сув цвет од невен
1/3 лажичка мелено ленено семе
Постапка:
Овој домашен лек за ждригавица го правам така што во една шолја од 250 мл зовриена вода додавам чајна лажичка сува камилица, половина лажичка сув невен и третина лажичка ленено семе.
Сето тоа го мешам и го ставам во термос-чаша да отстои преку ноќ. Следниот ден го процедувам чајот и пијам по 4-5 голтки околу 15 минути пред оброк. Чајот се препорачува да се пие две седмици, не подолго од тоа и пред употреба посоветувајте се со вашиот лекар, особено ако имате проблеми со алергии.
Оваа мешавина со сигурност ќе го реши проблемот со иритацијата на желудникот и воспалението на хранопроводникот, а ќе ја нормализира и киселоста во стомакот.