Нема кој не ги сака овие многу вкусни колачи со пиво. Може да ги валкате во мелени лешници или ореви. Тестото се подготвува за 2-3 минути, а од оваа доза излегуваат приближно 30 парчиња со величина на кифлички.

Потребни состојки: 800 г брашно, 250 мл масло, 250 мл пиво, 2 ванилин шеќер, 2 прашок за печиво, 3 лажици шеќер, ореви за внатре во колачите, мелени лешни за валкање на пиварките. За шербет: 400 г шеќер и 400 мл вода

Постапка: во поголем сад ставете 250 мл масло, 250 мл пиво, 2 кесички ванилин шеќер, 3 лажици шеќер, 2 кесички прашок за печиво и 800 г брашно.

Целата смеса убаво се замесува со раце, а доколку е меко, додајте уште малку брашно. Готово е тестото кога ќе стане компактно и кога ќе започне да се одвојува од ѕидот на садот.

Веднаш кинете мали парчиња од тестото и формирајте топчиња со величина на поголем орев. Топчето сплескајте го со дланките, ставете една јатка орев, па затворете ги и формирајте ги колачите.

Вака формираните колачи редете ги во плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 210 степени, околу 10-15 минути, додека да заруменат. Потоа оставете ги да изладат.

За шербет: Во едно тенџере ставете 400 мл шеќер и 400 мл вода, па ставете на оган и откако ќе зоврие варете 3-4 минути.

Со помош на кутлача, врелиот шербет полевајте го рамномерно врз ладните пиварки. Превртете ги и од другата страна за да можат убаво да го впијат сирупот.

Кога пиварките ќе го впијат шербетот, валкајте ги во мелени лешници. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: