За да го приготвите делотворниот рецепт против кашлица, потребни ви се само суви смокви и шеќер.
Потребни состојки:
1 филџан смокви
1 филџан шеќер
1-2 филџани вода
постапка:
Сувите смокви и шеќерот ставете ги во тенџере, па прелијте ги со вода, но само толку колку да бидат прелиени.
Варете ја смесата додека шеќерот целосно да се растопи а смесата да стане густа како сируп. Извадете ги смоквите а сирупот складирајте го во шишенце.
Употреба: Се пие во голтки во текот на целиот ден.
За оние кои не смеат да јадат шеќер – постои решение. Сварете еден литар вода, па додадете 6 поголеми суви смокви. Варете ги околу 4 минути, па извадете го овошјето.
Добиениот напиток е корисен и здрав, бидејќи е богат со железо, калиум и калциум, како и антибиотски материи кои се создаваат при сушењето, а се ослободуваат при варењето на смоквите.
Употреба: кога ве боли грло, изладениот напиток пијте го во мали голтки во текот на целиот ден.