Фото и рецепт: Наталија Милодановиќ

Подлогата се прави од чоколадни кекси, па потоа доаѓаат “чиз” креми со слатка павлака, една со дробени трошки од чоколадни кекси, а втората со Лино Лада од лешник (а може и нутела или крем кој вие го сакате). Без печење, за кратко е готово а вкусот навистина е фантастичен.

Потребни состојки:

250 г чоколаден сендвич кекси со чоко полнење (користев Тото)
60 г путер

За крем од сирење:

350 г крем сирење (АБЦ, Филаделфија, Маскарпоне и сл.)
5 лажици шеќер во прав
2 ванилин шеќер
200 мл слатка павлака
½ кесичка крем фикс
10 издробени чоколадни кекси

За крем со Лино Лада:

150 г Лино Лада (нутела или дриг намаз од лешник)
100 г крем сирење
200 мл слатка павлака
½ кесичка крем фикс

за декорација:

слатка павлака
неколку чоколадни кекси

Постапка:

За поглога: растопете го путерот и оставете го на страна малку да подизлади. Кексите сомелете ги во сечко, па помешајте ги со растопениот путер. Смесата втиснете ја во помал калап со димензии 22х22 и ставете во фрижидер додека ги приготвувате кремите.

Крем од сирење: Во еден сад изматете крем сирење со шеќер во прав и ванилин шеќер. За помалку слатка варијанта користете арома од ванила наместо ванилин шеќер.

Во друг сад посебно изматете ја слатката павлака со крем фиксот. Спојте ги двете смеси со лажица, внимателно мешајќи за да остане смесата воздушеста. Смесата од сирењето постепено додавајте ја лажица по лажица во изматениот шлаг додека убаво да се поврзат.

На крај додадете ги чоколадните кекси кои со раце сте ги издробиле во трошки. Кремот рамномерно распоредете го преку кекс подлогата, израмнете и вратете во фрижидер.

Крем од Лино лада: Во еден сад измиксајте го крем сирењето со Лино лада. Нема потреба да додавате шеќер бидејќи намазот е доволно сладок, но доколку сакате, слободно додадете шеќер во прав по вкус.

Во друг сад изматете слатка павлака со крем фикс и соединете ги на ист начин како за претходниот крем. Рамномерно распоредете, израмнете, па ставете го чизкејкот на ладење во фрижидер.

Пред послужување декорирајте по желба со шлаг и дробени кекси. Сечете со остар нож кој пред секој засек ќе го ставите во врела вода, а потоа ќе го избришете со салветка. На тој начин ќе имате чисти и рамни пресеци.

Mysticcakes.com