Иван Лилиќ, свештеник од селото Хум, близу Ниш, покрај останатото е собирач на лековити билки и фитотерапевт, им помага на болните кои ќе му се обратат, а своите препарати ги дели бесплатно и не бара никаква материјална надокнада за своите услуги.

Свештеникот и фитотерапевт Иван Лилиќ служи во црквата Свети Никола во селото Хум, предградие на Ниш, а со лековитите билки започнал да се занимава уште како дете.

Пред неколку години одлучил да го прошири своето знаење и да им помага на луѓето со здравствени проблеми, првенствено во својата парохија. Тој е планинар кој често со себе ја води и својата седумгодишна ќерка и постепено ја воведува во магичниот свет на лековитите билки.

Овојпат тој советува и открива како и со кои билки можете да ја победите кашлицата, бронхитисот и реумата.

МЕШАВИНА ПРОТИВ КАШЛИЦА

Измешајте еднакви делови од следните билки: тегавец, глог, дивизма, камилица, петровец, жалфија, мртва коприва, црн слез, подабиче, мајоран, конопиљка и росопас.

Една супена лажица од мешавината прелијте ја со зовриена половина литар вода, оставете поклопено 5-8 минути, па процедете.

Се пие повеќе пати на ден додека кашлицата е акутна, а после тоа барем една до две шолји дневно, во следните месец дена.

ЧАЈ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Многу корисен во лекувањето на бронхитисот е чајот приготвен од еднакви делови суви билки: нане, оригано, глог, подбел, мајчина душичка, орхидејата кокица, коњско опавче, петровец и тегавец.

Една супена лажица од мешавината прелијте со половина литар врела вода, па оставете поклопено 5-8 минути. Потоа процедете и пијте трипати дневно по една шолја чај.

ЧАЈ ПРОТИВ РЕУМА

За приготвување на чајниот напиток против реума потребно е по 20 г врбова кора и лист од бреза и по 10 г цвет од бозел, липа и коприва. Сите состојки исечкајте ги и измешајте ги.

На половина литар вода ставете една супена лажица од оваа чајна мешавина и варете пет минути, оставете 10-тина минути да отстои, процедете и засладете со мед. Се пие топло, три до пет лажици од чајот на секои три часа.