Билјана Пејчиќ од Стара планина (с.Јеловица) и самата се борела со неплодност, а сега им помага на паровите кои се борат со стерилитет.
Билјана Пејчиќ, некогашна бабица, која веќе со години живее на Стара планина, тврди дека благодарение на билни препарати успеала да излекува неплодност кај повеќе од илјада жени.
Само во текот на 2016 година, според нејзините зборови, се родиле осумдесет и едно бебе.
За рецептот на своите препарати вели дека е тајна, но открива дека го добила во еден мамастир, каде и самата се лекувала од неплодност. Дури и некои познати личности, меѓу кои и една многу популарна пејачка, станале мајки благодарение на нејзините билни еликсири.
Билјана објаснува дека сeто започнало уште пред триесеттина години, кога и самата не можела да забремени, па побарала помош во алтернативната медицина.
-Лекарите ми рекоа дека никогаш нема да станам мајка. Бев очајна, но не сакав да се откажувам. Одамна запознав една монахиња од еден манастир, која проучуваше лековити билки. Таа ме научи многу за природата и нејзиното лековито дејство, но и на најважното: Никогаш да не се откажувам!
Пиев чаеви од лековити билки и, гледај чудо, останав бремена! Денес имам три деца и четири внучиња – раскажува Билјана и додава дека после тоа, целиот свој живот го посветила на проучување на стерилитетот и помагање на жените кои не можат да забременат:
-Во текот на првите петнаесет години, преку работата со луѓето и нивната борба со стерилитет, открив дека во 70-80% од случаите, проблемот беше кај жените. Меѓутоа, последните 15 години ситуацијата се промени: Сега тој процент важи за мажите.
Најголемиот проблем е пореметувањето на хормонот за стрес. Од случај до случај, лекувањето трае од три до шест месеци, а некогаш и подолго.
На многу од паровите не им е тешко да го поминат патот до Стара планина и да затропаат на вратата од куќата од Билјана за да побараат помош. Доаѓаат од странство, а им помогнала и на многу познати личности.
-За приготвување на препаратот користам листови од дива јагода, златница, линцура, бабин заб и други билки. Покрај обичните луѓе, им имам помогнато и на многу познати личности, спортисти, политичари, а меѓу нив и на една наша позната пејачка – раскажува Билјана.
Пред неколку години Билјана помогнала на еден пар кој повеќе од 20 години се обидувал да добие потомство, а многубројните вештачки оплодувања не вродиле со плод.
-Се бореле со години за да добијат бебе, имале седум вештачки оплодувања, но им помогнаа само моите природни препарати. Ми се обратија во ноември 2010 година.
Започнавме со терапија, а само неколку подоцни подоцна, поточно во март следната година, ми се јавија за да ми ја соопштат радосната вест: дека жената е бремена! Истовремено славеа сребрена свадба и раѓањето на нивното дете – завршува Билјана и додава дека нема ценовник со кој наплатува за своите услуги:
-Им помагам на луѓето, а на нив им препуштам да платат колку што сметаат дека треба. Мене секако најголема награда е кога ќе видам дека на крајот конечно ќе им се оствари сонот да станат родители.